Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење

0
By Zoran Ivanov on November 15, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 15, 2025 16:25

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.

Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе, рече Лукаревска.

Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока.

Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење. Ова е буџет на хартија, без капацитет да донесе подобар живот, порача пратеничката.

Лукаревска потенцираше дека буџетот што го предлага Владата не е развоен, иако така се претставува пред јавноста.

Само 9% од вкупните расходи се за капитални инвестиции, додека огромни 91% одат на тековни, непродуктивни трошоци. А, намалувањето на капиталните расходи за 7 милијарди денари покажува дека оваа влада нема капацитет за развој, ниту намера да инвестира во иднината, посочи Лукаревска.

Таа предупреди дека Владата крати пари токму таму каде што најмногу треба да се инвестира: во животната средина, каде има намалување од 14,1%, што е опасно во услови на загаден воздух и недоволна инфраструктура за отпадни води, во правосудството, со намалување од 48,9% во програмата за владеење на правото, спротивно на сите препораки на ЕУ, во енергетиката, каде нема исполнети реформи, во образованието и науката, со сериозни намалувања додека училиштата немаат учебници и неопходни ресурси.

Лукаревска посочи дека Владата планира огромно ново задолжување од 1,7 милијарди евра нов долг, односно 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра од странски извори и 400 милиони евра дома.

Јавниот долг ќе надмине 62%, ниво кое меѓународните институции го сметаат за ризично за ваква економија. Владата ја турка државата во финансиска нестабилност, нагласи Лукаревска.

Таа укажа и на забелешките на Европската комисија, кои се целосно игнорирани.

Европската комисија јасно укажува на нереални политики, одложена фискална консолидација, инвестиции ‘на хартија’, слаба реализација на капитални проекти и непродуктивни трошоци. Наместо да ги поправи овие слабости, Владата ги продлабочува, додаде Лукаревска.

 

буџет Лукаревска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.