Author: Zoran Ivanov

Четири кинеските државни нафтени компании престанаа да купуваат руска нафта транспортирана по морски пат по американските санкции за нафтените компании „Лукоил“ и „Роснефт“, објавија западните медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Read More

Европскиот совет ја потврди својата решеност да ја оствари целта за зголемување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година, со што Европа ќе биде подобро опремена за да може автономно да дејствува и да се справува со непосредните и идните предизвици и закани, се наведува во заклучоците за одбраната и безбедноста од денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

Read More

Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешното обраќање во МНТ по повод „23 Октомври“.

Read More

Штип во наредните три дена ќе живее со Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава е со во знакот на 40. јубилејно издание на „Макфест“, а на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се испејат новите хитови.

Read More

Од денеска до сабота во македонскиот Културно-информативен центар во Белград ќе се одржи литературната манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“.

Read More

По повод 110 години од формирањето на Македонскиот фронт, денеска во холот на Дајмонд мол беше отворена изложбата „Македонија, Македонците, Македонскиот фронт низ објектив”, во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија.

Read More

Американскиот министер за финансии Скот Бесент синоќа изјави дека Вашингтон ќе објави нова рунда санкции против Москва, еден ден по одложувањето на состанокот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта за прекин на војната во Украина.

Read More

Марјан Забрчанец: Скопјани никогаш нема да им заборават на оние кои свесно, планирано и за партиско-политички цели го оставија градот затрупан во ѓубре и со тоа предизвикаат опасност, зарази и болести за сите жители.

Read More

Од печат излезе шестата книга на „Македонски безбедносни лавиринти“ на на проф. д-р Трајан Гоцевски – универзитетски професор во пензија и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и поранешен член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија и на Свето Стаменов политиколог, новинар во Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти.

Read More

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е во рацете на Советот на градот и управниот одбор, кои, како што наведува, се составени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Read More

Европската унија утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

Read More