Author: Zoran Ivanov

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.

Read More

Бујар Османи: Ја прифатив својата одговорност и му честитав на победникот затоа што и во овие околности сакам да оставам зад себе наследство на политичка култура како што постапував во текот на целата кампања. Но ароганцијата на некои во Вреди станува одвратна. Не прифаќам поради тоа да се понижува резултатот на ДУИ и коалицијата. Со 114 илјади гласови, НАИ останува најсилната сила и легитимниот претставник на Албанците.

Read More

Двајца поранешни премиери ја тресат атинската политика: левичарот Ципрас најавува нов почеток, а конзервативниот Самарас поттикнува расположение против зближувањето со Турција. Притисокот врз владата на Мицотакис расте. Јанис Пападимитриу Непишано правило на атинската политика е дека поранешните премиери треба да ја избегнуваат големата сцена и да се воздржат од коментари или делење лекции. Барем така беше досега. Од враќањето на демократијата во Грција во 1974 година, речиси секој поранешен премиер се придржуваше до ова правило. Но, за поранешниот левичарски премиер  Алексис Ципрас,  кој владееше со Грција на врвот на должничката криза од 2015 до 2019 година, молчењето не е опција. Иако беше тивок…

Read More

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во земјата, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад – 457 европратеници гласаа за резолуцијата, 103 беа против.

Read More

Според пишувањето на Индипендент, откажувањето на самитот Путин-Трамп во Будимпешта најверојатно  ќе ја заврши фантазијата на  американскиот претседател дека може да донесе мир во Украина., која започна уште пред почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа, кога Доналд Трамп самоуверено тврдеше дека ќе ја прекине руската војна во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата претседател на САД.

Read More

Белградската полиција уапси маж пред Народното собрание во среда под сомнение дека ранил друг маж со огнено оружје. Ранетиот е однесен во болница, јавуваат српските медиуми.

Read More

Белград: Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. Пожарникарите го гаснат со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студенти кои се спротиставуваат на блокадите.

Read More