Author: Zoran Ivanov
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров им порача на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски дека граѓаните очекуваат резултати и решенија, а не јалоби напади и пропаганда, бидејќи тоа не носи храна и не ги плаќа сметките на граѓаните.
Неколкумина загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати во експлозијата што денеска се случи во воениот објект за производство на експлозиви во американската сојузна држава Тенеси.
Технолошките лидери тврдат дека вештачката интелигенција е неизбежна. Шефот на OpenAI, Сем Алтман, во декември 2024 година изјави дека таа ќе дојде „порано отколку што мислат повеќето луѓе во светот“. Сер Демис Хасабис, коосновачот на DeepMind, го предвиде доаѓањето на вештачката интелигенција во следните пет до десет години, додека основачот на Anthropic, Дарио Амодеи, минатата година напиша дека „моќната вештачка интелигенција“ би можела да биде со нас уште во 2026 година.
Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп.
Пекинг: Кина денеска воведе пристанишни такси за бродовите во сопственост на САД, а како реципрочна мерка за планираните американски пристанишни такси за кинеските бродови. Одлуката е донесена пред трговските разговори помеѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.
Манила: Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди истиот регион на јужниот дел на Филипините како и земјотресот со магнитуда од 7,4 степени утрово, соопштија филипинските сеизмолози.
Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека стапил на сила договорот за прекин на огнот. Сцените се одвиваат во област која претрпе голема штета од бомбардирањата во последните месеци.
Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство.
Контроверзноста ескалираше кога Порше побара и доби дозвола од градот Салцбург да ископа приватен тунел што ќе ја поврзе гаражата на вилата директно со центарот на градот. Официјалната причина е „тежок пристап до вилата преку тесен пат, особено во зима“. Но, дури и за Салцбург, навикнат на богатите и славните, овој проект се покажа како последна капка.
Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање, кои денеска стапуваат во сила, барајќи сите такви реклами јасно да бидат означени и да се открие кој платил за нив и колку, соопшти Европската комисија.
Јерген Вотн Фриднес беше прашан и за безбедноста и сигурноста на Мачадо сега кога ја доби оваа награда, со оглед на тоа дека таа се крие од август 2024 година. Фриднес појасни дека тоа е дискусија што ја имаат секоја година, „особено кога лицето што ја добива наградата се крие поради сериозни закани по неговиот живот“.














