Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Јаловата црна кампања на Мицкоски не носи леб – луѓето чекаат решенија / Мицкоски: Наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

0
By Zoran Ivanov on October 10, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 10, 2025 22:04

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров им порача на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски дека граѓаните очекуваат резултати и решенија, а не јалоби напади и пропаганда, бидејќи тоа не носи храна и не ги плаќа сметките на граѓаните.

Неговите јалови напади не носат храна на масата и не плаќаат сметки. Граѓаните бараат решенија, бараат достоинствен приход, бараат јасна иднина напред. Бараат луѓе кои ќе си ја вршат работата за која се платени. Времето на обвинувања кон опозицијата им заврши ама тоа никако да го прифатат, порача Филипче.

Во своето обраќање, тој истакна дека овие избори се историски важни не само за СДСМ, туку и за целата држава, бидејќи народот има можност да испрати силна порака против ароганцијата и самоволието на власта.

На овие избори имаме шанса да испратиме силна порака до овие арогантни луѓе кои ја преземаа власта – дека народот не се предава и не молчи. Дека не може да прават што сакаат. Да испратиме силна порака дека социјалдемократијата живее и дека од овие избори започнува падот на оваа ненародна власт која изгуби контакт со реалноста, нагласи Филипче.

Филипче додаде дека СДСМ останува чувар на граѓанските вредности и демократијата и дека партијата ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за потценување на народот и уништување на надежта за подобра иднина.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори.

Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.

Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица – да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти а единствено што нудат е демагогија и навреди.

Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре истакна Мицкоски.

 

избори кампања локални Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.