Author: Zoran Ivanov
Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.
Белград: Комеморативни собири по повод 11 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено се одржуваат денеска низ Србија. Студентите во блокадата најавија дека ќе организираат комеморативна прошетка во Белград по повод 11 месеци од таа трагедија.
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани.
Манила: Бројот на загинати во синоќешниот земјотрес, со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала регистриран во централниот дел на Филипини, се искачи на 69.
Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија.
Минхен: Масовна полициска и противпожарна акција е во тек од раните утрински часови во северниот дел на Минхен, каде што специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање.
Атина: Без бродски и железнички сообраќај денеска е Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн.
Владата на САД ја запре работата за прв пат по речиси седум години откако во Сенатот пропаднаа последните обиди да усвои договор за финансирање. Стотици илјади федерални работници чии работни места не се сметаат за суштински за националната безбедност би можеле да бидат отпуштени од работа откако затворањето стапи на сила на полноќ по локално време, објави.
Филипче: Да изградиме општество каде што младите ќе остануваат, да создадеме Македонија во која трудот се вреднува Пробиштип: Од овде од Пробиштип испраќаме јасна порака да го одбраниме нашиот заеднички дом, да ја одбраниме Македонија, како дом за сите, не како приватна сопственост на малкумина од власта, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од Пробиштип, каде што беа промовирани кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип, Драган Анастасов-Ладич. Лидерот на СДСМ, Филипче истакна дека Македонија е нашиот заеднички дом, во којшто секој граѓанин е еднаков, во кој има место за сите, а не само за привилигираните. Да…
Нашата програма на локалните избори се состои од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска.
„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.














