Author: Zoran Ivanov
Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат партнер кој ќе избегнува дестабилизација, ќе придонесува за регионална стабилност и ќе ги почитува правата на сите граѓани, додавајќи дека ќе продолжат да ги следат дејствијата на привремената косовска влада.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има околу три или четири дена да одговори на неговиот мировен предлог за Појасот Газа или ќе се соочи со последиците.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.
Ирена Цветковиќ: Нели му е срам на Мицкоски да зборува за „многудетно семејство“ како највисок патриотски чин, во земја каде семејствата не можат од први до први да ги покријат сметките, киријата и храната? Нели му е срам на Мицкоски да зборува за „иднина“ после трагедијата во Кочани, убиството на Росица и нејзиниот татко, и масовните труења на кои сме изложени?
Прага: Чешка го лансираше првиот патнички воз без возач во Европа што сообраќа на отворена железничка пруга.
Пораките меѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс кои покажуваат инкриминирачка спрега се само дел од доказите кои ги поседува обвинителството и во нив има уште десетина инкриминирани дејствија, истакна денес Републичкиот јавен обвинител.
Поранешниот албански министер за надворешни работи и универзитетски професор, Паскал Миљо, во емисија на Abcnews.al, се задржа на позицијата на Косово на меѓународната сцена, веднаш по конференцијата во Обединетите нации.
Кијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека испратил воен тим на заедничка вежба во Данска за да сподели искуство во борбата против руски дронови.
Прага: Чешка сака да стане првата земја од ЕУ што веднаш ќе го ограничи влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи од безбедносни причини, соопшти владата, цитирана од француските медиуми.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни воени команданти на Америка – генерали и адмирали. Уште од самиот почеток, тој јасно стави до знаење дека планира радикална промена на насоката.
За разлика од класичните битови, кои можат да бидат само во состојба 0 или 1, кубитите користат суперпозиција и можат да претставуваат повеќе состојби истовремено.















