Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор за неговата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека последователните напади ќе бидат уште пожестоки.
Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти.
Бранко Тричковски: Иран не го послушал Трамп, Израел не го послушал Трамп, Русија не го послушала Трамп, Калифорнија не го послушала Тгамп, Меланија не го послушала Трамп, Харвард не го послушал Трамп, Канада не го послушала Трамп, Гренланд не го послушал Трамп, Кина не го послушала Трамп, Мексико не го послушал Трамп, Маск не го послушал Трамп.
Главниот ирански објект за збогатување ураниум во Натанц е оштетен во израелски напад, објави денес Иранската агенција за атомска енергија.
Ако Гувернерот зима 3 илјади евра плата а ти, мизеријо, зимаш 400 евра плата, знаеш ли кој е просекот? Знаеш ли кој ти го крева просекот, а? Епа Гувернерот. И да не е тој со таа плата еве НА, што ќе јадете јадоди и црешни у просек, еб.ве бељата еб.ве.
Нови детали од операцијата „Подемот на Лавот“, која Израел ја спроведе врз Иран рано утрово, укажуваат дека Израел со години спроведувал тајни активности во Иран, вклучително и поставување база за експлозивни дронови, убивање клучни безбедносни службеници и целни саботажни операции, според доверливи извештаи од безбедносни извори.
Пратениците во парламентот на Косово во средата по 30-ти пат не успеаја да го конституираат Собранието и да изберат нов претседател. Дали предвремени парламентарни избори се решение за излез од институционалната криза? Беким Шеху Политичката блокада во Косово продолжува четири месеци по изборите, а нема политичко решение на повидок за каков било можен договор. Пратениците се состанаа 30 пати во Собранието, но не успеаја да изберат претседателка или претседател на парламентот, што би отворило пат за преговори за формирање нова влада. Опозициските партии не сакаат да гласаат за кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџи, а Самоопределување продолжува да инсистира на тоа…
ЈАСПЕРС има одбиено повеќе проекти од Балканските земји, за голема среќа на државите, а можеби несреќа на нивните неспособни и корумпирани влади. Дејан Трајковски Постои многу едноставен и бесплатен начин за евалуација на предложените инфраструктурни проекти на нашата Владата. За тоа служи JASPERS (Joint Assistance to Support Projects in European Region – https://jaspers.eib.org ), односно Здружената помош за поддршка на проекти во Европскиот регион. Помошта за земјите-кандидати во ЕУ, меѓу кои и Македонија, е бесплатна! ЈАСПЕРС, партнерство финансирано од Европската Комисија (ЕК) и Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), советува околу стратегиите и проектите коишто придонесуваат за поеколошка, подобро поврзана и поиновативна…
Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, синоќа заедно со повеќе владици бил гостин на Руската амбасада во Скопје, каде е организиран прием по повод Денот на Руската федерација.
После месеци упатување критики за опозицијата, навреди и обвинувања, само затоа што ги соочуваме со фактите, се докажа дека нашите укажувања се и повеќе од основани. Јанев итно да си даде оставка! Кристина Костова Три месеци се пенават преку фингирани анкети и трибини затворени за јавноста да нѐ убедат дека добро се справувале со последиците од најголемата трагедија во поновата македонска историја. Три месеци бегаат од оштетените, од ужалените, три месеци бегаат од самата тема и се обидуваат да ја игнорираат, иако мајчините крици ни ги параат ушите на сите и нѐ тераат вистински и системски да помогнеме. Три месеци…















