Author: Zoran Ivanov

Кога граѓаните ќе ја изгубат довербата во медиумите, тие ја губат и една од клучните алатки за разбирање на реалноста, за барање правда и за градење здрава демократија. Новинарството не е пазар каде што се продаваат мислења, туку служба на јавноста.

Read More

Данела Арсовска: Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот градежен инспектор. Таков инспектор има општина Чаир и сите други скопски општини како посебни единици на локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Градот Скопје е единствена единица на локална самоуправа која нема градежен инспектор по ЗАКОН. Освен општинскиот градежен инспекторат на Чаир надлежност има и Државниот градежен инспекторат кој е под директна надлежност на Министерството за транспорт…

Read More

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесоа предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка.

Read More

Љубомир Костовски: Сознанието дека премиерот на попладневната средба и објаснил на претседателката Силјановска Давкова за кого мислела да се определи – дознавме чие име како иден гuвернер на НБРМ ќе се најде утре на расправа и гласање во Собранието на РМ. Малку кој секако би се кладел дека претседателката би издржала на својата „тврда“ определба дека не смеат да и се мешаат во ингеренциите по прашањето за изборот на оваа многу чувствителна позиција за земјата и нејзината макроекономска политика. Јас, напротив мислев дека тоа овој пат навитина ќе се случи, бидејќи, разоликата во квалитет на тројцата кандидати беше огрооомна. Зошто…

Read More

И така Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, човекот кој додека ги водеше финансиите на земјата жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата … Кристина Костова За време на кампања, уста полна празни заложби за наводно унапредување на женски права и статусот на жените во општеството, уста полна празни ветувања дека ќе доделувала одговорни функции на компетентните и професионалните, а не на оние што единствено се истакнале во партиските активности. Неполна година подоцна, претседателката Гордана Силјановска Давкова си…

Read More

САД го прифатија луксузниот авион „Боинг 747“ – подарок од Катар, а од американските ВВС е побарано да утврдат начин за брза надградба за употреба како нов „Ер Форс 1“, јавија американските медиуми.

Read More

Граничните служби на Украина велат дека спречиле околу 49.000 регрути да избегаат од земјата откако Русија ја нападна пред повеќе од три години. Околу 45.000 биле приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијален премин или за време на проверки во граничните области, изјави портпаролот на Државната гранична служба Андриј Демченко.

Read More

Папата Лав XIV го назначи Луиџи Бјанко за нов апостолски нунциј во Словенија, кој, како и неговите двајца претходници на таа позиција, е исто така делегат во Косово, соопшти Ватикан, нагласувајќи дека Светата столица не ја признава независноста на Косово, објавија косовските медиуми.

Read More

Повеќе од 50 македонски интернет медиуми одлучија да ги напуштат агрегаторите на вести, како „Тајм.мк“ откако вчера на средба зазедоа заеднички став дека добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите, за преземање содржини без надомест, се неприфатливи. Потписниците на овој став и тие што подоцна се придружија бараат да бидат отстранети од агрегирање од денеска, 21. мај.

Read More