Author: Zoran Ivanov

Стратегиите и проектите беа изработени, наплатени и површно спроведени или целосно беа запоставени. Суштината остана иста – Ромите и понатаму се предмет на дискриминација, предрасуди и стереотипи кои се длабоко всадени во убедувањата на луѓето. Институциите на државата, медиумите и општеството воопшто, не најдоа време да инвестираат во промена на клучните недостатоци, како во политиките и практиките, така и во јавната свест и политичката култура.

Read More

По четири дена пад, за прв пат македонската берза излезе од црвено и започна да покажува знаци на закрепнување. Вредноста на најтргуваните акции е за околу пет проценти пониска во однос на почетокот на минатата недела. Причината за „минусното салдо “ лежи во неизвесноста на светските пазари по воведувањето на новите американски царини.

Read More

Љубомир Костовски: Светот може да пропадне, само ве молам не во овие вести, Вестите во 12.30 на Телма почнаа со убаво подготвени прилози за она што е навистина тема број 1 во светот. За нешта од кои светот може да пропадне! Собрани и наредени новите моменти за тарифите на Трамп. Вестите на МТВ во 13 часот започнаа – очекувано со Мицковски. Одговор на новинарско прашање, нели, без да го чуете прашањето. И третата вест во хронологијата беше врзана за Мицковски, за да ви остане во долго помнење. Веста за падот на берзите во целиот свет МТВ, ја даде после метеоролошкиот…

Read More

Зоран Иванов Толку беше со манипулациите за одговорните за кочанската трагедија па ајде сега ред е ред да се редат и актуелниве одговорни. Влaдата, надлежните министри, извршните функционери распослани по ресорите со се нивите 78%. Кочанската несреќа што власта ја забошотува и што во тоа сесрдно е потпомогната од влијателните и под ЕПП хипотеки медиуми, пред се од телевизиите со национален предзнак, земски или кабловски сеедно, продолжува да тлее со непредвидлива ерупција. Но и не само власта, конкретно не само водството на ДПМНЕ, туку и опозицијата. И таа да запре со кокетирањето и со грижата совест. Партиското водство на СДСМ…

Read More

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е во посета на Брисел каде што учествува на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел. Во изјава за Македонската медиумска агенција тој вели дека евроинтеграциите во моментов се целосно закочени за Македонија и тоа е резултат на незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За жал, чувството кога седиме на вакви состаноци е една голема фрустрација. Гледаме како околните земји кажуваат и објаснуваат како напредуваат, гледаме што прави Албанија, со која што до пред некој месец водевме паралелно кон европскиот пат. Сега тие имаат конкретен…

Read More

Новата геополитика е производ на повлекувањето на американската моќ од Европа а со тоа и од Балканот. Ова се незамисливи потези во времето на „хегемонскиот мир“ наметнат од големата супер-сила. Безбедноста и мирот тогаш беа нивна грижа.

Read More

Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија.

Read More

Мнозинство од Американците се против проширување на територијата на САД со Канада и Гренланд, додека 79 отсто од републиканците се против давање финансиска помош на Украина за нејзина одбрана од руската агресија, се дознава од најновата анкета на „Волстрит журнал“.

Read More

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит изјави дека ги гледа санкциите наметнати на претседателот на Република Српска Милорад Додик од Австрија и Германија како почеток на нова „коалиција на подготвените“.

Read More

Левица соопшти дека ја одржала 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која биле донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025.

Read More