Author: Zoran Ivanov

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани. Ова е заедничка победа на сите членови на Социјалдемократскиот сојуз кои искрено веруваат во вредностите на социјалдемократите – правичноста, напредокот и еднаквоста, изјави вечерва на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, откако беше прогласен неговиот избор за лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Read More

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Read More

Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада – Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог. Мацут дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.

Read More

Повеќе од 50 земји стапија во контакт со Белата куќа за да почнат трговски разговори, изјави денеска главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако големите нови царини предизвикаа глобални превирања.

Read More

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Read More

Учениците во блокадата го продолжија патувањето кон Стразбур, а денешна дестинација е Ѓер, од каде продолжуваат за Виена. Вчера пристигнаа во Будимпешта каде што беа пречекани на „Плоштадот на хероите“.

Read More

Во „Паркот на револуцијата“ во Кочани денеска во 15 часот и 59 минути се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“.

Read More

Миле Талески: Министре Тошковски, 15 месеци сте министер за внатрешни работи и уште не знаете каде се наоѓате и која функција ја извршувате. Овде, во ова Собрание, сте избрани да одговарате на прашања, а не да поставувате прашања. Избегнавте да дадете одговор на сите прашања што ви ги поставивме. Според Законот за јавни собири, сте имале обврска да постапите според фактите што ви ги споменав. Ако не сте постапиле и ве боли, тоа е ваш проблем. Граѓаните бараат одговори на прашања, а не да држите овде политички памфлети. Вака може да се однесувате во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,…

Read More

Москва: Украина продолжува да врши напади врз руската енергетска инфраструктура и покрај привремениот договор за запирање на таквите напади постигнат со посредство на САД, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Read More

Големи пожари избувнаа низ Велика Британија изминатите денови поради наглото покачување на температурата, а во денешните извештаи на британските медиуми се наведува дека бранот пожари ја зафатил и Северна Ирска.

Read More