Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воен пакт меѓу Унгарија и Србија

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2025 ИЗБОР, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2025 19:36

Новата геополитика е производ на повлекувањето на американската моќ од Европа а со тоа и од Балканот. Ова се незамисливи потези во времето на „хегемонскиот мир“ наметнат од големата супер-сила. Безбедноста и мирот тогаш беа нивна грижа.

Денко Малески

Новата геополитика ја наложува потребата од нови сојузи и зајакнување на постоечките, ќе изјави, пред пет дена, министерот за одбрана на Хрватска Анушиќ, кој заедно со министрите за одбрана на Албанија и на Ксосво, Венгу и Маќедончи, ќе ја потпишат декларацијата за зајакнување на одбрамбената соработка помеѓу трите балкански држави.

Пред шест часа, претседателот на Србија Вучиќ најави воспоставување воена соработка помеѓу Србија и Унгарија. Што се случува? Новата геополитика е производ на повлекувањето на американската моќ од Европа а со тоа и од Балканот. Ова се незамисливи потези во времето на „хегемонскиот мир“ наметнат од големата супер-сила.

Безбедноста и мирот тогаш беа нивна грижа. Кисинџер, објаснувајќи ја нејзината улога на Балканот, ќе напише дека Америка е своевидна замена за Отоманското царство , со цел да ги држи скараните балкански државички во мир. НАТО, пак, требаше да ја реши вечната „безбедносна дилема“, за тоа што ми подготвува комшијата, зачленувајќи ги во еден заеднички воен сојуз.

Можно ли е  малите скарани балкански државички веќе после неколку месеци од доаѓањето на Трамп на власт, да го чувствуваат отсуството на американскиот интерес? Оттаму ли се обидите да го компензираат отсуството на американската моќ (и контрола)со, историски познатите сојузи, кои често воделе до меѓусебни војни?

Толку ли бргу се ставија во погон центрифугалните тенденции на Балканот и каква иднина ни носат тие? Конечно, во отсуство на цврстата американска рака,на кое „царство“ на Балканот ќе му се приклони Македонија? Ова и многу други, се дилеми околу кои политичкото водство на нашта држава мора да собере глави и да носи тешки и опасни одлуки.

Македонската формула е сложена, велеше Глигоров. Ја ставам на тест оваа мисла на првиот претседател во современ контекст. Ако ги прашате Македонците на референдум, верувам, тие би гласале за оската Будимпешта-Белград. Ако ги прашате Албанците, тоа ќе биде оската Загреб-Тирана-Приштина.

Ѓаволот ја однесе шегата. Новата геополитика произведува сериозно поместување на тлото на најчувствителното место во Европа – Балканот. Можно ли е под нашите нозе во Македонија да почне да извира историјата? Ставени меѓу чеканот и наковалната, досегашните изјаснувања на нашата држава беа најмногу за резолуции во ОН во кои гласавме за Косово а не за Србија.

На протестите за македонското гласање за таква резолуција, во едно интервју за белгардски весник, одговорив дека оваа влада мора да води грижа за 25 проценти од своето население, повеќе одколку за интересите на Србија. Имено, стабилноста, па дури и опстанокот на државата зависат од лојаноста на втората по големина етничка заедница кон сопствената држава, а начин да се загуби таа лојалност е да се гласа против Косово.

Но, не станува веќе збор за резолуции на ОН туку за политичи одлуки кои можат да водат кон војна или мир. Во „американската ера“ балканските политичари беа ослободени од такви одлуки.

А сепак, тоа беше време кога, нам во Македонија, Америка и НАТО ни беа виновни за се. Како тоа, праша еден претставник на Стејт департментот во посета на Скопје, вашите политичари мирни спијат под наша безбеносна закрила, а штом се разбудат почнуваат да не критикуваат?

Немав рационален одговор тогаш, а немам ни сега. Или ќе да беше „исправената кичма“ и „гордоста“, ама ни тоа не е рационален одговор ако се мисли на мирот, народот и државата. Едно знам, во новата геополитика, нашите политичари ги чекаат несони ноќи.

Текстот е преземен од Глобус магазин.мк

 

воен Денко Малески колумна сојуз Србија Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.