Author: Zoran Ivanov
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да постапи по јавно изнесените тврдења на министерот Панче Тошковски и да го реактивира случајот „Мазут“, проценет на 167 милиони евра.
Европските лидери денес ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват и ја информираа Србија дека нејзиниот напредок кон членство зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европската надворешна политика, што значи дека Белград мора да избере помеѓу Европа, Русија и Кина.
И самиот процес,сам по себе е придобивка за нас. Од пристап до ЕУ фондови до контрола од ЕУ институции. Контрола без која немаме шанси да ги спроведеме нужните реформи. Останувањето на сегашните позиции на Мицко по прашањето на уставните измени како предуслов за продолжување на евроинтегративниот пат, е невидена самодеструкција.
Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев рече дека неговата земја е подготвена да им помогне на „браќата од Северна Македонија“.
Циничното отфрлање на предлогот за прекин на огнот од страна на Кремљ открива сè поголем јаз помеѓу проектираната доминација во главата на Путин и вистинската слабост на Русија. Москва се повлече во империјални фантазии, дезинформации и геополитичка уцена. Повторно
Тони Дескоски: Преставничкиот дом на САД во два дена изгласа две крупни одлуки кои влијаат на две клучни надворено-политички прашања, спривставувајќи се на Престседателот на САД Трамп.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија ја лансирала балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ на 24 мај во регионот на Кијив за да ги набљудува нејзините ефекти за идните лансирања. Путин го изјави ова на прес-конференција, објави „Кијв индепендент“.
Зеленски предложи директна средба со Путин во неутрална земја, сугерирајќи ги Швајцарија, Турција или некоја од земјите од арапскиот свет како потенцијални домаќини.
Мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски, претставува еден од најамбициозните обиди за создавање оригинален македонски мјузикл во поновата македонска театарска продукција. Станува збор за проект кој не се обидува само да ги постави на сцена препознатливите песни на Влатко Стефановски, туку преку нив да изгради кохерентна театарска приказна во која музиката, драмата и движењето функционираат како единствен сценски организам. Весна Петрушевска Во својата основа, претставата раскажува љубовна приказна помеѓу Дона и Џими, паралелно следејќи ја борбата на еден млад музичар да успее со својот бенд „Као…
Документот многу внимателно ја избегнува замката на „второкласно членство“. Во него двапати се повторува дека целта останува полноправното членство и дека постепената интеграција не смее да стане негова замена. Тоа покажува дека авторите се свесни за чувствителноста на темата, особено во Западниот Балкан. Но истовремено, ако се чита меѓу редови, документот признава нешто што досега ретко се кажуваше толку отворено: дека Унијата не верува оти сегашниот модел може успешно да го доврши проширувањето. Затоа Берлин и Париз предлагаат нова средна зона помеѓу кандидатскиот статус и членството – зона во која земјите би можеле да станат економски и политички речиси интегрирани…
Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5 јуни 2026 г.) и Самитот ЕУ-Молдавија (22 јуни 2026 г.) Документот во кој имаше увид „360 степени“, доаѓа како основа за дискусија на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати, а намерата не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат, пишува во нон-пејперот. Германија и Франција подготвиле нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“ во пресрет…















