Author: Zoran Ivanov
Белград: Српски војник во Либан утрово починал од тешки повреди предизвикани од израелски проектил кој паднал врз база на ОН во која се сместени мировните сили, објавија локалните медиуми Смртта на припадникот на Војската на Србија, постариот водник Милован Јовановиќ, ја потврди Министерство за одбрана на Србија.
Грција официјално поднесе дипломатски протест до Украина по инцидентот со дрон во Јонското Море, според брифингот доставен до дипломатските дописници, пишува То Вима. Министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, го информираше високиот претставник на Европската Унија за наодите од истрагата за инцидентот.
ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да е темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, соопштуваат од СДСМ.
Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата
Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го забрза патот кон членство во Европската Унија, оцени Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент во новиот извештај усвоен во средата.
Украинските сили ја погодија корветата „Бојкиј“ од руската Балтичка флота во поморската база Кронштат во ноќта меѓу 2 и 3 јуни, како дел од истата операција што го запали нафтениот терминал во Санкт Петербург на денот на отворањето на годишниот економски форум на Путин.
Ова е сторија за тоа како една заплеткана рута од Словачка, преку Романија и Северна Македонија, претвори расходувани противвоздушни системи во профитабилна зделка во сенка со проруски посредник во Африка – Уганда. Џабир ДералаСловачка се соочува со политички земјотрес поради наводната тајна продажба на државен воен имот. Како што објави Aktuality.sk на 1 јуни, поранешниот министер за одбрана Јарослав Наѓ (Демократи) го обвини својот наследник Роберт Калињак (Смер-СД) за тајна продажба на противвоздушни системи на африканска држава за огромен приватен профит. Парадоксот е дотолку поголем што токму Калињак со години го напаѓаше Наѓ за „разоружување“ на земјата. Покрај жестоката војна на зборови меѓу двајцата политички ривали,…
Најзагрижувачко е што ова повеќе не е прашање на политичка реторика. Ова е веќе прашање на изгубено време и изгубени грнерации. И додека Македонија стагнира, другите земји од регионот напредуваат. Црна Гора и Албанија сериозно се движат кон членство. Европските лидери отворено зборуваат за нов моментум на проширувањето и за историска можност за Западен Балкан. За жал, Македонија повторно ризикува да остане на перонот додека возот тргнува. Андреј Жерновски Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје донесе порака која е добро позната, но која актуелната власт упорно се обидува да ја претстави како нешто сосема друго. Пораката…
EU Support for Rule of Law објави: Заедно со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се одржа конференцијата „Од стратегија до имплементација: Зајакнување на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, на која беа претставени новата Комуникациска стратегија и новото лого на институцијата.
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива.
Еве, нека се охрабри Мицкоски, па нека ѝподнесе и една меѓудржавна тужба на Бугарија за неспроведување на одлуките. Ја има и таа опција. Ама за да се бијат битки, и тоа дипломатски и правни, не е доволно само да се зборува, треба и да се преземат чекори.
Во Македонија постојат цели политички и економски бизнис елити кои опстануваат без ЕУ стандардите и контролите. Во Бугарија постојат политички и бизнис сили кои имаа свои бизнис релации во Македонија и кои добиваат поддршка преку хранење со наратив за македонското прашање. Таквите го финансираат говорот на омраза кај двете страни. Ништо не е случајно, затоа што од постарите документи говор на омраза немало. Во Брисел постојат држави кои не се ентузијасти за ново проширување.Затоа застојот не е само резултат на конфликт. Тој е и резултат на фактот што некои влијателни актери не плаќаат висока цена за тој застој.
Попладнево осомничените беа изведени пред судија на претходна постапка, откако претходно беа во полициска станица Пролет. Обвинителството обезбедило докази дека Богоев зел и мито од околу 1.800 евра.















