Author: Zoran Ivanov
Почнува златна ера за Америка, објави претседателот Доналд Трамп претставувајќи ги делумно реципрочните царини за производи од целиот свет.
АД воведoа нови санкции против Русија, за првпат откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа во јануари годинава.
Пред веста за воениот сојуз меѓу Србија и Унгарија, медиумите во Србија жестоко го нападнаа меморандумот за одбранбениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, прогласувајќи го за „антисрпски“ и „агресивен“.
Падот изнесува 13 проценти и е најголем во последните три години. Овие поразителни бројки за “Tesla” се резултат на комбинација од повеќе фактори – од застарената понуда и зајакнатата конкуренција до сè поизразениот бојкот, кој е последица на отворената поддршка на Маск за десницата. Ова е и предупредување за инвеститорите дека кварталниот финансиски извештај, кој се очекува подоцна овој месец, би можел да донесе разочарувачки резултати.
После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат.
Венко Филипче: По трагедијата во Кочани, алармот на граѓаните мора да биде слушнат. Тоа е аларм за нефункционалноста на системот, за слаби јавни сервиси, за изгубена доверба. Тоа е оправдана реакција, бидејќи изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Сите политички партии имаме вина за нефункционалноста на системот. Затоа, како лидер на најголемата опозициска партија, предлагам концепт за нов општествен и политички дијалог, во кој ќе се вклучат сите партии и сите општествени чинители. Заеднички да подготвиме стратегија, врз основа на која државата ќе функционира во иднина. Образование,…
Не можеме да дозволиме ниту еден работник да трпи притисоци какви што се обидуваат да нанесуваат на синдикалното раководство, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија -ССМ, во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп.
Во прекршување на правилата на меѓународното хуманитарно право, Русија, како окупациска сила, спроведува присилна регрутација на украински државјани на привремено окупираните територии на Украина.
Сојузниците на НАТО ветија повеќе од 20 милијарди евра безбедносна помош за Украина во 2025 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Царините се даноци на увоз. Па, големото прашање е, кој ќе плати? Технички, има едноставен одговор: американските фирми што ги внесуваат стоките се компаниите што ќе се соочат со сметката, особено ако Белата куќа почне да ги наплаќа тарифите „веднаш“, како што сугерираше вчера портпаролката Каролин Ливит.
Студентите го напишаа своето писмо, а професорите го напишаа своето писмо, а потоа заедно пеш од Ректоратот до зградата на делегацијата на ЕУ во Белград, каде поднесоа барање Брисел да се откаже од ископувањето литиум во Србија. И не се единствените кои деновиве дојдоа на таа адреса, по најавата дека Јадар е пред да стане стратешки проект на ЕУ, со истата порака.














