Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

20.000.000.000 ветени НАТО евра воена помош за Украина во оваа 2025 година

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 2, 2025 19:09

Сојузниците на НАТО ветија повеќе од 20 милијарди евра безбедносна помош за Украина во 2025 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Тој додаде дека Командата на НАТО во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници.

Најавата за воена помош за Украина уследи по стравувањата дека американската поддршка за Украина може драстично да се намали, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да изнуди мировен договор, а истовремено ги повикува европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана.

И покрај континуираната посветеност на сојузниците кон Украина, останува заканата со која се соочуваме од Русија, посочи Руте.

Минатата година сојузниците на НАТО обезбедија безбедносна помош во вредност од околу 50 милијарди евра за Украина.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.

Администрацијата на Трамп постојано ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.

Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.

 

НАТО помош рурте Самит Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.