Author: Zoran Ivanov
Кијив: Советот на Европската унија одобри распределба на 3,5 милијарди евра помош за буџетот на Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
Претседателот на Комисијата за надворешни работи во украинскиот парламент, Олександр Мережко, изјави дека има работи за кои Украина не е подготвена да преговара.
Сеад Ризвановиќ: Да го сумираме пресот на премиерот: “Сите се виновни освен институциите на локално и централно ниво кои се под контрола на владеачките партии” “Ако не ни верувате да одиме на избори”
Со ќуто-промовирање да спасувате глава од одговорноста која очигледно не сте ја имале и не сте ја спровеле, со однапред пазење да не провоцирате антифашистичка граѓанска реакција на немериторното запоседнување на институциите, само ви го покажува кукавичлукот, кој оди заедно со неморалната распиштоленост.
Бранко Тричковски: Ќе ги фаќале тие што го урнале системот! Па, вмро го урна. Проблемот на сдсм и дуи беше во тоа што не ги расчистија урнатините што ги остави груевизмот заедно со новите згради (Скопје 2014) за исмејување на нацијата и не даде на знаење дека за санација на штетите од шаткастото чудовиште, ќе бидат потребни децении. И на ги гибна вмронските уривачи од важни места на урнатините (мртв на пример), а вмро во опозиција не работеше ништо друго освен што продолжи да урива се што малку ќе им заличеше на нормалност. Безброј блокади, безброј лаги, хистеризирање на народот…
Сабина Факиќ: После трагедија во која умреле 59 млади луѓе и десетици се тешко повредени Министерот Тошковски вели – “МВР не било известено за таков настан. Таква информација до нас не е доставена. Согласно закон, пропишано е како треба да се обезбедува ваков настан.“ Ова е дрско извртување на тези и амнестирање на МВР од одговорност. Како оделе во лов на трговци со дрога, а не знаеле за настанот?!
Бленди Ходаи: Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов. Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава што не гори, не се руши и не убива. Ќе ни помогнете со тоа што ќе признаете дека раководите со распаднат систем – систем што не штити, туку уништува…
Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.
Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.














