Author: Zoran Ivanov
Обвинителот Коцевски: Дискотеката функционирала со многу пропусти, ова е ерозија на системот
Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот односно само 2 имало. Немало две излезни врати пропишани за евакуација, … Мирослава Симоновска Јавното обвинителство денеска почнало да истражува што доведе до пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и како објектот со години добивал дозволи, собирал малолетници секој викенд на очиглед на полицијата со големи јавни повици и посетеност, а за тоа никој не нашол за сходно да изрече казни и затворање на објектот. Обвинителот Љупчо Коцевски рече дека обвинителството денеска издало наредби да се прегледаат камери, да се апси секое лице…
Јане Ѓорѓиоски: Се молат новинарите да не ги нервираат премиерот Мицкоски и министерот Тошковски со незгодни прашања за некаква нивна одговорност. Нема смисла, луѓето се нервозни и така.
Се сеќаваш ли како му викаа студентите на Вучиќ: не си надлежен за нашите интереси и прашања.
Тина Иванова: Мицко, сега ли најде да држиш политички говор како да сме пред избори?! Денеска баш, денеска??? Можеше да изразиш само сочуство и да одговориш на новинарски прашања, ама без ароганција. Почнете да апсите одма. Сите до еден! И меѓу себе.
Уште неофицијално но од упатени извори од министерството за здравство се стравува дека бројката загинати млади луѓе во ноќешниот шжар во Кочани достигнала 80 загинати.
Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани.
По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.
Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, Папата Франциск упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.
Во тек се подгортовките. Засег тројца малади со изгореници че се лекуват во Грција. Во тек е организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб. Тројца млади со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау. Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството…















