Author: Zoran Ivanov
Политичар, економист, публицист и романописец, сведок и учесник во најголемите и најзначајни настани од поновата македонска историја Кој беше Стојан Андов? Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основното образование и гимназија завршил во родниот град, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград. Политичар, економист, публицист и романописец, тој беше сведок и учесник во најголемите и најзначајни настани од поновата македонска историја. Андов извршувал повеќе републички и сојузни општествено-политички функции во поранешна Југославија. Во три мандати бил член на Сојузниот извршен совет во Белград, претседател на Сојузната комисија и…
Никица Корубин: Трите темелни договори за функционалност и опстанок на Северна Македонија како современа, граѓанска и европска и евро-атлантска држава, сите влезени во преговарчаката рамка и стратешкиот однос со САД, свесно се компромитираат. Црвената линија која се преминува уште на самиот почеток, е опасност за сите, ама одговорот го должат засегнатите, особено најгласните ЕУ промотори. Декларативните и суштинските. Краток е патот од граѓанска и мултиетничка држава во квази-национална, а особено со замижувањето пред “фрлената ракавица” длабоко од “српскиот свет”. Или Отворен Балкан им звучи попрефинето на досегашната про-европска власт, а сегашна опозиција? Линк
Трите темелни договори за функционалност и опстанок на Северна Македонија како современа, граѓанска и европска и евро-атлантска држава, сите влезени во преговарчаката рамка и стратешкиот однос со САД, свесно се компромитираат. Црвената линија која се преминува уште на самиот почеток, е опасност за сите, ама одговорот го должат засегнатите, особено најгласните ЕУ промотори. Декларативните и суштинските. Краток е патот од граѓанска и мултиетничка држава во квази-национална, а особено со замижувањето пред “фрлената ракавица” длабоко од “српскиот свет”. Или Отворен Балкан им звучи попрефинето на досегашната про-европска власт, а сегашна опозиција? Никица Корубин Додека се посегнува по сите финти на толкување…
Проф. д-р Трајан Гоцевски: Спред мене, трите тези на Нимиц: а – за името на јазикот; б – дека јазикот не е дел од идентитеот и в – да се преговара навестувајќи и можна медијација; само како индикација се сериозни и не смеат да се остават неанализирани и без дипломатска активност за појаснување на нашата позиција. Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик. Линк
Што всушност беше пораката до нас ако знаеме дека во дипломатијата ништо не е случајно ниту е здраво за готово ниту е како што изгледа на прв поглед, а има многу скриени пораки. Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик. Проф. д-р Трајан Гоцевски Во Атина дебата за придобивките и контраверзите околу Преспанската спогодба.Ништо невообичаено,ако не се случува во време кога Македонија треба да формира нова Влада,период во кој Преспанската спогодба станува многу актуелна. Покрај останатите говорници мене ме загрижија ставовите…
Никос Коѕијас: Европската Унија и` вети влез на Северна Македонија и имаме обврска да го испорачаме тоа. Но што направи ЕУ? Прво француското вето за менување на методологијата, па потоа вето од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? Да ѝ речеме на Бугарија – „Е ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото за Северна Македонија“. Ова е добар предлог и треба да се размисли. Ама тоа ли е начин, да се фокусираме на кавги наместо на заеднички прогрес?.
Проф. д-р Борче Давитковски: Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт. Согласно уставот, член 114, право е на граѓаните да се организираат во локалните заедници и да избираат свои претставници. Не на политичките партии. Кај нас стана мода политичките партии да го супституираат тоа право што е на граѓаните и да кажат „тоа е наше право“ и сега кажуваат некои бенигни причини.
Отворен првиот дел од подводниот тунел под балтичко море што ќе ги поврзува Данска и Германија
Копенхаген: Данскиот крал Фредерик Десетти денеска го отвори првиот дел од идниот железничко-патен тунел во должина од 217 метри, чија вкупна должина ќе биде 18 километри и кој ќе ја поврзува јужна Данска со северна Германија под Балтичкото Море. Тоа ќе биде најдолгиот подводен железничко-патен тунел во светот, а појасот Фемарн се очекува да биде отворен за сообраќај во 2029 година. Се очекува автомобилите да можат да го преминат Балтичкото Море за 10 минути по четири ленти, а возовите за седум минути.
Охрид: Возило падна во провалија, на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“ – загинаа две лица. Регионалниот ЦУК Охрид извест дека настанот се случил на место викано „Превој“ на планината Галичица. Спасувачките екипи утврдиле смрт на лица на постара возраст.
Додека бара поддршка од Рим за втор мандат на чело на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се обидува да го забави официјалниот извештај на ЕУ во кој се критикува Италија за кршење на медиумските слободи. Како што изјавија неколку официјални лица за бриселски „Политико“, истрагата на Европската комисија укажува на сузбивање на слободата на медиумите во Италија откако екстремно десничарската премиерка Џорџа Мелони ја презеде власта во 2022 година. Годишниот извештај за почитување на владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ се очекуваше да биде одобрен на -ти3 јули, но тоа може да биде одложено додека не се именува…
Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска. -Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно. Заедно со меѓународните партнери, посветени сме да продолжиме да даваме воена, финансиска, хуманитарна и поддршка на Украина за обнова по завршувањето на војната, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на италијанското претседателство на Г7. Г7 го поздрави одржувањето на мировната конференција за Украина во Швајцарија на 15-16 јуни и вети дека ќе…













