Author: Zoran Ivanov

Заемот од една милијарда евра што новата влада на Македонија ќе го добие од Унгарија, е најголемиот што владата на Будимпешта некогаш го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта. Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека новата Влада, чие гласање е закажана за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство. Тој рече дека нема да се земе заем од Кина туку од ЕУ држава. Се одлучивме на овој чекор бидејќи каматните стапки на меѓународните институции како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов се над 5 проценти“, рече…

Read More

Скопје: Македонска државјанка на 29 годиншна возраст загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун. Во текот на денешниот ден, во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која го изгуби животот М.Н. државјанка на Република Северна Македонија. Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што двете повредени се хоспитализирани, се наведува во соопштението од МНР.

Read More

Вашингтон: Во Сенатот на САД е поднесен нацрт – закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмот. Документот беше претставен од сенаторот републиканец Линдзи Грем и неговиот демократски колега Ричард Блументал. Според мислењето на авторите на оваа иницијатива, со давањето таков статус на Русија САД значајно ќе го зголемат достапот до инструменти за казнување на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, деструктивните дејствија во Африка и низ целиот свет. Неодамнешниот договор на Русија за воена алјанса со Северна Кореја, еден од најрепресивните режими на планетата, е последна капка и САД повеќе не треба да се воздржуваат…

Read More

Ангела Агелер: Искрено кажано, очекувам од нив, колку што можат побрзо, да ги испорачаат ветувањата кои ги дадоа за време на кампањата. Разбирам дека тоа е тешко, но граѓаните тоа од нив го очекуваат. Оттука, многу е тешко да се премине од водење кампања до владеење и новите министри се уште не положиле заклетва, тоа не го направил ниту идниот премиер, очекуваме тоа да се случи викендов… Очекувам да видам како тие, а така ќе беше за која било влада која ќе дојдеше на власт, дали на реториката од кампањата и дадените ветувања ќе одговорат со конкретни дела. На крајот, како…

Read More

Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека е воодушевена и ја поздравува најавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека в недела, при заклетвата како нов премиер, а и во настапите во странство, ќе го користи уставното име на земјава. Во интервју за „360 степени“, таа не сака да зборува за ставот на Грција, чиј премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Договорот од Преспа предвидува едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, коментирајќи го ставот на Мицкоски дека дома ќе продолжи земјава да ја нарекува Македонија. Интервјуто погледнете го во видеото: 360°: Амбасадорке, ви благодарам за можноста да разговарам со вас. Моето…

Read More

Осло: Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој. Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност со одбранбени сојузи откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на Атлантскиот сојуз во април минатата година, а Шведска во март оваа година. Денес се договоривме да создадеме воен транспортен коридор низ северна Норвешка, северна Шведска и северна Финска,…

Read More

Стапката на наталитет нагло се намали во некои од најбогатите земји во светот и веројатно ќе остане ниска бидејќи економските грижи ги принудуваат луѓето да ги проценат трошоците за раѓање деца, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Многумина во земјите-членки на ОЕЦД сега избираат дали ќе имаат деца подоцна во животот или воопшто нема да имаат, се вели во денеска објавениот извештај. „И младите мажи и жени сè повеќе ја наоѓаат смислата на животот надвор од родителството“, се додава во извештајот. Стапката на фертилитет во земјите на ОЕЦД падна на едно и пол дете…

Read More

 Арсим Зеколи: Со оглед на гнојот кој Мицкоски и следбениците го имаат блуено кон ривалите како „предавници“, неговиот гест на прифаќање на Република Северна мора да се обележи како гест на карактерна капитулација. Но да почнеме по ред. Како прво и најбитно, оваа влада на Христијан Мицкоски не е реформска, туку е влада на континуитет, на политикантски, олигархиски, корупциски, криминален континуитет. Не само според изборот на министри, кои се речиси ексклузивно од камарилата на ВМРО-Груевистичка, ДУИ и СДСМ, туку и според континуитетот на истата матрица воспоставена од 2006 година – преку политиканството на лажење во предизборие и со пепел покривање во постизборието. Линк

Read More