Author: Zoran Ivanov
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели. Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД…
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња. Тој ќе ја преземе функцијата на 2-ри октомври, само еден месец пред американските избори кои, оценува Политико, ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како…
Христијан Мицкоски: Како Влада ќе мора да ги почитуваме законите и Уставот во однос на употребата на уставното име. Мојата татковина е Македонија, и при давање изјави мојата употреба на името нема да биде поинкава, но како влада ќе мораме да ги почитуваме законите и Уставот. Не можеме да се правиме наудрени дека тоа не е дел од правниот систем . Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди.
Мека: 550 жртви од топлотен удар од 50 степени на годинешниот Аџилак Гардијан: Најмалку 550 муслимански аџии од Египет, Јордан, Индонезија, Иран и Сенегал починале за време на извршување на овогодинешниот аџилак во Мека од топлотен удар, а илјадници други побарале лекарска помош поради колапс од високите температури, објави „Гардијан“. Како што информираат дипломатски извори на Саудиска Арабија меѓу загинатите има најмалку 323 се Египќани и најмалку 60 Јорданци. Саудискиот национален метеоролошки центар соопшти дека температурата во Големата џамија во Мека во понеделникот достигнала 51,8 Целзиусови степени.
Претседателот на Друштвото на филмските работници,ДФРМ, Игор Иванов, одговорајќи на брифинг на новинарско прашање во врска со Извештајот на Работната група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм формирана од министерката за култура во заминување Бисера Костадиновска Стојчевска, напомена дека не постои никакво незаконско финансирање од Агенцијата до Друштвото. Тој потенцираше дека Државниот завод за ревизија констатирал оти средствата што ДФРМ ги има, се искористени на законски начин. Според Иванов, наодите дека Фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ не доставувале извештаи се смешни. Нам не ни побарале извештај ниту од Агенцијата за филм ниту од Министерството за култура. Ние имаме…
Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво. Владата, на барање на…
Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за Јавно здравје. Општи препораки за заштита од топлотен бран – За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10:00-17:00 часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот. – За време на топлотен бран во периодот од 10:00- 17:00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности. – Останете, колку што е можно, во затворени…















