Author: Zoran Ivanov
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешниот партиски конгрес ја образложил одлуката за повлекување од лидерската позиција, а генералниот секретар Миле Зечевиќ го презентирал извештајот за парламентарните и претседателските избори и резултат. Се отворила и дискусија, но сепак, соопштија од партијата, конгресот се одложил на барање на општинските организации. -Поради обемниот материјал на Извештајот кој опфаќа политички, оперативен и аналитички дел, општинските организации на СДСМ побараа време за да го анализираат, да се произнесат и да дадат свој придонес, на ниво на општински изборни штабови и на ниво на општински организации во конечната верзија на Извештајот за парламентарните и претседателските…
Скопје: На отчетен конгрес денеска, во хотелот Александар Палас, СДСМ ќе ги анализира изборните резултати. По изборниот пораз, претседателот на партијата Димитар Ковачевски на седницата на партискиот Извршен одбор на 22. мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори. Нов партиски претсдател, како што е претходно најавено од СДСМ, на непосредни избори од страна на членството, ќе се избира на крајот на овој месец. Пријавени се четворица кандидати.
Љубљана: Словенечките гласачи денеска избираат девет пратеници во Европскиот парламент и исто така гласаат на три советодавни референдуми. Референдумите се за потпомогнато доброволно прекинување на животот, за употреба на канабис за лични цели и за преференцијално гласање на парламентарни избори. Речиси 1,8 милиони Словенци имаат можност да изберат меѓу 11 партии и 99 кандидати за европратеници.
Прага: Чешката полиција ги зголеми безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради заканите од терористички напади, а зголемените патроли ги штитат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собираат многу луѓе. -Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага за нападите во странство. Осомничениот е уапсен. „Луѓето во Чешка не се изложени на поголем ризик, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан. Чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а тие важат и за…
Во Бугарија денеска се одржуваат шестите парламентарни избори во последните три години. Според аналитичарите, малку е веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи. Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека ниту овојпат нема да добие мнозинство ниту една партија. Избирачките места се отвораат во 7 часот по локално време, а затвораат во 20 часот. Излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места. Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ. Денешното гласањето беше предизвикано од падот на владејачката коалиција во март, која…
Сања Ристовска: Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Северна Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Северна Македонија Бујар Османи. Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката…
Сања Ристовска На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Северна Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика на платформата Икс порача дека крвопролевањето во Појасот Газа мора веднаш да запре. По денешниот напад на Израел врз централното подрачје на Појасот Газа во кампот Нусејрат, каде што според палестинските власти загинале 210 лица, а околу 400 се здобиле со повреди, претставникот на Европската Унија, Жозеп Борел, порача дека секое убиство на цивили е за осуда и дека крвопролевањето мора итно да запре. -Извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили се ужасни. Планот во три фази на американскиот претседател е патот до траен прекин на огнот и крај на убиствата, …
Славјанка Петровска: За само 10 дена Мицкоски три пати го погази зборот, после средбата со ДУИ прашањето е кој во чиј скут седи? Венко Филипче: Недостасува јавна и експертска дебата, има нејасни сегменти за поделба на министерствата. Димитар Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа. Фатмир Битиќи: Зголемувањето на бројот на министерствата е за да се задоволат политичките партнери. Димитар Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен, ДПМНЕ молчи. Бисера Костадиновска – Сточевска: Несоодветни законски измени, не е предвидена Управата за заштита на културно наследство.














