Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За еден ден, над 3.500 потписи на Петицијата за законот против пушење

0
By Нова ТВ on October 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 25, 2017 18:25

Против новите измени на законот се изјаснија и од Министерството за здравство, кои наведуваат дека иако пушењето е личен избор, тоа не е случај кај пасивното пушење

Петицијата против новите измени за Законот за заштита од пушењето кои предвидуваат во рестораните во кои се служи храна да не биде дозволено пушење, додека сопствениците на кафулињата сами да одлучуваат дали ќе се пуши за само 15 часа ја потпишаа речиси4.000 граѓани.

„Ваков закон не е потребен“, „Бесмислена иницијатива“, „Приоритет нека биде здравјето на граѓаните“, „Сегашниот закон е еден од ретките добри закони“, „Никој нема право на профит по цена на моето здравје“, „Да не се враќаме чекор наназад“… се само дел од коментарите кои граѓаните ги оставаат под потпишаната петиција.

Владата нема став за измените за пушење 

Владата на 19 овој месец на седница требаше да ги разгледува предложените измени и да излезе со став по ова прашање, но одлучиле да немаат мислење и измените ги вратиле во Собранието.

„Владата нa денешната седница одлучи дека нема мислење за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето на предлог на пратеници од Собрание на Република Македонија, и истиот се враќа во собраниска процедура“, пишуваше во соопштението.

Од владата дополнително посочија дека во прв план ќе го стават здравјето на граѓаните, потенцирајќи дека нема да носат избрзани одлуки, без широк граѓански консензус. Најавуваат јавна дебата во која ќе бидат слушнати сите засегнати страни.

Неколку дена потоа, премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите најави комплетна либерализација и право на избор по ова прашање.

„Комплетна либерализација и право на избор. Пред сè на угостителските објекти да имаат право да изберат. Ако сакаат пушењето да биде дозволено, тие да го имаат тоа право преку лиценца. Ако сакаат да биде за непушачи, тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однесува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, рече премиерот Заев.

Министерството за здравство е против законот

Против новите измени на законот се изјаснија и од Министерството за здравство, кои наведуваат дека иако пушењето е личен избор, тоа не е случај кај пасивното пушење.

Од таму велат дека регулирањето на забраната на пушењето во јавни простории и забраната за рекламирање на цигарите во Законот за заштита од пушењето е во рамките на вкупната цел на здравствениот систем,

„При предлагањето на овие измени на Законот за заштита од пушењето, со оглед на тоа што тие се базираат на аргументирањето на законската дефиниција на „простор од затворен карактер“, треба да се имаат предвид прописите од оваа област, во однос на градењето. Нашиот став како Министерство за здравство секогаш бил и останува дека мора да се води сметка за здравјето на популацијата. Штетните последици од пушењето се познат ризик-фактор за здравјето на луѓето и според тоа МЗ не може да промовира либерализација и да поддржува политики кои се штетни за здравјето на луѓето. Пушењето е личен избор, но пасивното пушење не“, категорични се од министерството за здравство.

Свој став за измените за пушење најавуваат и од здружението на угостители „Хорекаши“.

Закон за заштита од пушењето Министерство за здравство угостители цигари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.