При преглед на товарно возило управувано од бугарски државјанин во близина на струмичкото село Сушица, полицијата вчера откри и одзеде 2.000 кутии цигари.
Бугарскиот државјанин Г.С.К. (45) вчера околу 20 часот е приведен во полициска станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
„На магистралниот пат, во близина на струмичкото село Сушица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „волво“ што го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2.000 кутии цигари. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.