Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поведе дисциплинска постапка против Диего Симеоне. Аргентинскиот тренер на Атлетико Мадрид заврши на тапет во Нион за гестикулацијата при прославата на гол на неговата екипа во победата над Јувентус со 2:0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.
Истрага се води и против клубот за „нечистите“ приоди и скалила на „Ванда Метрополитано“, но и за фрлање на предмети на тревник од домашните навивачи.
Симеоне се соочува со суспензија за еден натпревар што доколку и биде изречена, не мора да значи нејзино издржување во реваншот со Јуве во Торино на 12 март.