Илјадници граѓани се собраа вечерва на плоштадот „Македонија“ за да ја прослават победата на ракометниот клуб Вардар во Лигата на шампионите.
На плоштадот се слави, се пеат песни и се веат знамиња.
https://www.facebook.com/RSEMK/videos/10154970192018725/
Свирежи од коли, петарди и огномет и по речиси два часа од натпреварот ечат од скопските населби.
Прослава за победата на Вардар е организиран и во Келн. Пред хотелот во кој се сместени ракометарите собрани се стотици граѓани кои пеат и се радуваат на победата.
Ова е втор пат ракометен клуб од Македонија да стане Евроспски првак. Првиот пат, во 2002 година, шампиони беа жените од клубот Кометал, а по 15 години и ракометарите на Вардар ја освоија оваа титула.
https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1514027665309143/