Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација вклучува проекти посветени директно на граѓаните и дигитализација на државната администрација, информираа денеска од ресорното Министерство.

Во 2022 година ќе се фокусираме на:

Систем за управување со документи со документи – DMS (Поврзување на над 35 нови институции)

Точка за услуги (Креирање на принципот на едношалтерскиот систем)

Централен регистар на население

Нови веб-страници на министерствата (Зголемена транспарентност на институциите, полесна комуникација)

Зголемувањето на транспарентноста и квалитетот на услугите што ги дава државната администрација за граѓаните секогаш се на прво место.

Според податоците коишто денеска беа презентирани, за проект наменет за Централниот регистар на население, в година се планираат 53 милиони денари, за веб страниците на министерствата 9,3 милиони денари. За Систем за управување со документи, со којшто ќе се поврзат 35 нови институции, се наменети 37 милиони денари и т.н.