Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За првпат по 72 години отворена продавница за алкохол во Саудиска Арабија

0
By Marta Pesevska on January 27, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата продавница за алкохол во Саудиска Арабија е отворена во дипломатскиот кварт во главниот град Ријад и ќе биде достапна за немуслиманските дипломати.

Иако тангира една група, станува збор за една голема промена за крајно конзервативното муслиманско кралство, каде што алкохолот е забранет од 1952 година како последица на убиството извршено од саудиски принц во алкохолизирана состојба врз британски дипломат. Пиењето е исто така забрането во исламот, а поголемиот дел од локалното население на Саудиска Арабија е религиозно, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Тоа не го спречи алкохолот слободно да циркулира низ кралството низ годините. Разликата е во тоа што овие активности се одвиваат исклучиво зад затворени врати.

Странските амбасади можат да увезуваат алкохол според специфицираните договори со саудиската влада, додека некои прикрадуваат алкохолот во безбедни „дипломатски торбички“ кои не можат да се проверат.

Оттаму, шишињата често се продаваат на црниот пазар по огромни цени, според иселениците и локалните жители во земјата.

„Сите знаат кои амбасади продаваат алкохол… некои од нив развија сериозен бизнис од тоа, продавајќи го на црниот пазар за четири, пет, дури и десет пати повеќе од нормалната цена. Стана смешно. Владата мораше да направи нешто“, изјави за CNBC еден саудиски инвеститор со седиште меѓу Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Ријад.

Еднолитарско шише вотка, на пример, обично чини меѓу 500 и 600 долари на црниот пазар, велат изворите, додека едно шише со Johnnie Walker Blue Label чини помеѓу 1.000 и 2.000 долари. Домашното производство на алкохол, исто така, се одвива во кралството со децении, според иселениците кои претходно живееле таму.

Новата продавница во Ријад има строги правила: овластувањето за влез и купување мора да биде потврдено преку апликација наречена Diplo и одобрена од саудиското Министерство за надворешни работи, а купувањата подлежат на месечен систем на квоти по регистриран поединец.

Новиот систем за следење на купување е „со цел справување со проблемот со шверцот што отсекогаш сте го имале со дипломатите“, рече еден саудиски консултант. Друг саудиски бизнисмен со седиште во источниот регион Хобар на кралството изјави: „Владата дозна дека најголем дел од доделените количини алкохол дозволени за амбасадите завршува на црниот пазар. … Сега оваа апликација е воспоставена на место каде што ќе ја добиваат нивната доделена количина со мониторинг од централизирано место“.

Навистина, владата на Саудиска Арабија потврди дека регулирањето на квотите за алкохол за дипломатските мисии е воведено за да се „спротивстави на недозволената трговија со алкохолни стоки“, се вели во соопштението на Центарот за меѓународна комуникација на земјата, цитирана од Си-Ен-Ен.

Иселениците често правеле напори да внесат алкохол во „сувото“ кралство; Еден поранешен британски дипломат раскажува дека примил шишиња виски складирани во увезено клавир, додека друг кажа дека една компанијата што го транспортирала неговиот мебел му рекла: „Господине, вашиот кауч протекува“.

Саудиска Арабија има строги казни за оние кои кои ќе бидат фатени како пијат или продаваат алкохол, кои се движат од парични казни или камшици до депортации и затвор.

Сепак, многумина во кралството велат дека легализацијата на алкохолот надвор од дипломатските простории е само прашање на време, иако најверојатно ќе биде ограничено на хотели или специјални економски зони и ќе биде забрането за муслиманите. Неколку елитни ресторани во Ријад и Џеда веќе се опремени со барови, кои моментално се користат за безалкохолни моктели.

Саудиска Арабија претрпе сеизмички промени како на социјален така и на економски план во годините откако дојде на власт младиот престолонаследник Мохамед бин Салман, сега де-факто владетел на кралството.

Неговата кампања „Визија 2030“ е обид од повеќе трилиони долари да го преправи имиџот на заливската земја, да привлече туризам и да ја диверзифицира економијата подалеку од нафтата. Исто така, има за цел да создаде нови работни места за растечката млада популација на Саудиска Арабија, од која 70% се на возраст под 30 години.

Подготви: Марта Пешевска

ЦИВИЛ Медиа

алкохол дипломати Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.