Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За рециклирано шише по 1,5 денар на картичката за паркинг во Центар

0
By Нова ТВ on January 9, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: poc.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) во март ќе почне со поставување на машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња на девет локации на територијата на општина Центар. Тие се веќе набавени, а до крај на годината е најавено купување на уште 18. Идејата е за секое одложено шише, граѓаните да добиваат по 1,5 денари, средства што подоцна ќе може да се користат за паркирање.

„Парите на жителите на општина Центар ќе се слеваат на нивната картичка „Грин пеј карт“, со која ќе можат да купуваат производи со попуст во одредени маркети, продавници, локали или да ги плаќаат услугите што ги нуди претпријатието. За овој проект се предвидени субвенции од Буџетот на Општина Центар за 2020 година, со што, за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари. На овој начин ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за рециклирање“, рече директорот на ПОЦ, Васко Кичевски.

За текот на оваа недела е најавена и кампања на општинското претпријатие за подигнување на свеста за користење на алтернативни начини на превоз под мотото „Центар не е паркинг“, а во функција на поздрава животна средина и похумани услови за живот.
„Општина Центар нема капацитет да ги прими сите возила, не само на жителите на Скопје туку и на граѓаните од другите градови. Трендовите за пораст на бројот на паркирани возила во центарот на градот се зголемуваат. Не можеме да дозволиме сите да се паркираат во Центар. Затоа и одлуката да ја зголемиме цената на паркирање за 20 денари од час. Се надеваме на тој начин ќе ги дестимулираме граѓаните да користат автомобили“, вели Кичевски.
Општина Центар ПОЦ Рециклирање шишиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.