Демонстрантите од „Шарената револуција“ и вечерва маршот низ Скопје го почнаа од пред Специјалното јавно обвинителство. Со транспаренти, свирчиња и музика, се упатија кон Собранието на Република Македонија, но претходно застанаа пред споменикот на Јосип Броз Тито, за да му оддадат почит за Денот на младоста 25 мај.
Пред неговиот споменик демонстрантите положија свежо цвеќе и оставија порака – За Тито штафета на младоста, за Грујо паштета на гадоста. Протестот продолжува.
Претходно, масичка со изјави во кои секој доброволно се пријавува дека учествува и фрла боја по објектите за време на Шарената револуција, беше поставена пред СЈО каде демонстрантите масовно ги пополнуваа.