Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забавата заврши: Укината програмата за барокни фасади во Скопје

0
By Нова ТВ on February 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од објектите кои гравитираат околу плоштад Македонија, ќе бидат поштедени од барок. Станува збор за зградите на улиците „Димитрија Чуповски“, „Никола Вапцаров“ и улица Македонија, за кои претходната администрација на Град Скопје на Коце Трајановски, отпочна постапка за барокна реконструкција.

Некои од овие згради се веќе рефасадирани, но оние кои не се ќе го задржат својот изглед. Ова е одлучено на вчерашната седница на Советот на Град Скопје. По предлог на градоначалникот, Петре Шилегов, мнозинството советниците во градското собрание ја укинаа програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје.

-Неопходно е да се спречи натамошното уништување на сето тоа што претставува сведоштво на човековото градителско и друго творештво во минатото и да се зачуваат вистинските културни вредности, се вели во образложението.

Меѓу овие згради е и познатата „Пелагонија“ која е во процес на реконструкција. Идејното решение за оваа фасада ќе биде повлечено и зградата ќе се реновира, а при тоа ќе се запази нејзиниот оригинален изглед.

Оваа одлука може да предизвика финансиски импликации, затоа што Градот се обврзува да преземе активности за финансиско обештетување на авторите на проектите за реконструкција, доколку истите не се откажат од своето право, но од Градот велат дека таа цена би била далеку помала, од трошоците за барокната реконструкција.

-Забавата заврши. Град Скопје повеќе нема да дава пари за барокни фасади од проектот Скопје 2014. Само за 6 фасади биле дадени 556.847.912 денари односно околу 9 милиони евра, рече Шилегов на вчерашната седница на Советот.

барок Град Скопје програма укината фазади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.