Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека забраната за движење моторни возила на Водно засега останува во сила и најави дека дополнително ќе соопштат дали и какви мерки понатаму ќе преземе Град Скопје.
На новинарско прашање дали ќе и го дадат споменикот на Андон Јанев-Ќосето на општина Сопиште, Заев рече дека тој е сопственост на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а за него се води и судска постапка.
– Споменикот е предемет и на судска постапка поради тоа што Здружението го нема платено споменикот. Не е сопственост на Градот за да го доделува и ниту Сопиште има право да бара од Град Скопје нешто да му биде доделено. Сопиште може да посака што сака, но мора да постои ред, поредок за тоа кој, што и како може да добие, посочи Шилегов.
Тој додаде дека се анализира состојбата со спомениците од проектот „Скопје 2014“ и додаде оти сите споменици не се под Град Скопје.