Премиерот Еди Рама ќе је предводи албанската делегација, која во вторник (17 декември) ќе престојува во Брисел, за третата Меѓувладина конференција со Европската унија.
Албанија ќе отвори преговори за 6-тиот кластер „надворешни односи“, кој вклучува надворешна, безбедносна и одбранбена политика.
Се очекува оваа група на поглавја да се затвори побрзо во преговорите, и поради тоа што Албанија беше на иста линија со надворешната политика на ЕУ, главно во воведувањето санкции кон Русија по агресијата во Украина или за други прашања поврзани со безбедноста на европскиот континент или нејзината надворешна политика, вклучително и позицијата за конфликтот во појасот Газа
Оваа трета Меѓувладина конференција ќе биде втора за време на унгарското претседавање, по онаа што се одржа во Луксембург на 15 октомври, каде Албанија ги отвори петте поглавја, во кои беа вклучени судството и основните права, набавките, статистика, безбедност и финансиска контрола.