Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заедничка изјава од Џеда: САД и Украина презедоа важни чекори кон враќање на трајниот мир / Кијив се согласи на 30-дневен прекин на огнот доколку Русија го почитува

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 11, 2025 22:19

Соединетите Држави веднаш ќе ја укинат паузата за споделување разузнавачки информации и ќе продолжат со безбедносната помош за Украина.

Драган Мишев

Денеска во Џеда, Саудиска Арабија – под милосрдното гостопримство на престолонаследникот Мохамед бин Салман – Соединетите Држави и Украина презедоа важни чекори кон враќање на трајниот мир за Украина, се вели во заедничката изјава за резултатите од средбата на делегациите на Украина и САД што ја објави Украинската амбасада во Северна Македонија.

Претставниците на двете нации ја пофалија храброста на украинскиот народ во одбрана на својата нација и се согласија дека сега е време да се започне процес кон траен мир.

Украинската делегација ја повтори силната благодарност на украинскиот народ до претседателот Трамп, Конгресот на САД и народот на Соединетите Држави за можниот значаен напредок кон мирот.

Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за донесување итен, привремен 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, а кој е предмет на прифаќање и истовремено спроведување од страна на Руската Федерација. Соединетите Држави ќе и соопштат на Русија дека рускиот реципроцитет е клучот за постигнување мир.

Соединетите Држави веднаш ќе ја укинат паузата за споделување разузнавачки информации и ќе продолжат со безбедносната помош за Украина.

Делегациите разговараа и за важноста на напорите за хуманитарна помош како дел од мировниот процес, особено за време на гореспоменатиот прекин на огнот, вклучително и размена на воени заробеници, ослободување на цивилни затвореници и враќање на насилно префрлените украински деца.

Двете делегации се согласија да ги именуваат своите преговарачки тимови и веднаш да започнат преговори за траен мир кој обезбедува долгорочна безбедност на Украина. Соединетите Држави се обврзаа да разговараат за овие конкретни предлози со претставници од Русија. Украинската делегација повтори дека европските партнери ќе бидат вклучени во мировниот процес.

Конечно, претседателите на двете земји се согласија да склучат што е можно поскоро сеопфатен договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина за да се прошири украинската економија, да се надоместат трошоците за американската помош и да се гарантира долгорочниот просперитет и безбедност на Украина.

По повод заедничката изјава на делегациите на САД и Украина, на социјалната мрежа Х се огласи украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која води своевиден дневник на социјалните мрежи од пошетокот на руската воена агресија врз Украина.

11.03.2025. Заедничка Украинско – американска изјава по резултатите од средбата на делегациите на Украина и Соединетите Американски Држави во Џеда, напиша амбасадорката Дир. Таа во твитот ги објави и заклучоците од средбата. Линк

 

САД согласија Украина џеда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.