Апелирам до владите во регионот – не штедете на граѓаните, напротив, вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал, истакна екс премиерот на Македонија Зоран Заев на социјалните мрежи.
„Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така, напиша Заев.
Според него државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија.
„Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение.Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство“, стои во статусот.