Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Да се оладат политичките глави, па ќе разговараме за коалицијата

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев досега не разговарал со политичките партии за евентуално влегување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменички и директорски места по локалните избори. Очекува тоа да се случи во наредните денови откако, како што вели, ќе слегне прашината, односно сите ќе бидат со ладни глави.

– Очекувам овие денови прашината да легне. Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата – министер, заменик-министер, неколку директори, изјави Заев на маргините од денешниот Самит Македонија 2025.

На прашањето дали ќе продолжи коалицијата со Алијансата за Албанците предводена од Села, Заев рече дека тоа не зависи само од него, туку и од Села, но и од другите коалициски партнери. Тој, исто така,изјави дека досега со Мендух Тачи не разговарал за евентуално влегување на ДПА во владината колаиција

Запрашан дали доколку Села се повлече од коалицијата ќе имаат мнозинство и дали ќе разговара со пратеникот Чедомир Саздовски за влегување во владејачката коалиција, премиерот Заев рече дека досега немало такви разговари со Саздовски.

– Ние со Саздовски немаме разговарано за мнозинство, но јас посакувам да разговарам со многу пратеници и верувам ќе имам можност да разговарам. Не би сакал да ги форсирам процесите неприродно, туку сакам тие да се случуваат по природен пат. Но, знам дека имаме мнозинство и без Села. Но, знаете дека секојпат сум поборник тоа мнозинство да виде колку што е можно посилно. Македонија е исправена пред сериозни одлуки, треба да ги завратиме ракавите и да работиме, а со поголемо и посилно мнозинство тоа е секако повозможно и би било поуспешно, изјави Заев.

Посочи дека ги следи сите комбинаторики во јавноста во врска со прашањата за влез и излез од Владата кои доаѓаат и од владините коалициски партнери, но, рече, засега никој не разговарал со него. Нагласи дека не е разговарано ниту за можни кандидати за министри и заменици-министри во Владата и оти остануваат на претходно востановениот критериум, а тоа е да бидат квалитетни имиња на кои јавноста им верува, кои покажале сериозен капацитет за да може да бидат идни кандидати за разгледување за испразнетите места.

На обвинувањата на Села дека тој повеќе ги штити ДУИ отколку што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев рече дека СДСМ се поставила принципиелно објавувајќи коалиции.

– Ние принципиелно се поставивме објавувајќи коалиции и реално застанавме зад личности и кандидати за кои верувавме и тоа го направивме како што доликува на коалициски партнери. Кога ја соопштивме коалицијата уште за парламентарните избори, најавивме дека тоа ќе биде коалиција за долг рок. Јас не можам да бидам единствениот фактор што ќе гарантира коалицијата на централно ниво да опстојува со сите, но знам дека ќе сторам се таа коалиција не само со ДУИ и со другите коалициски партнери да биде стабилна и да се гради во еден долг период. Но, на овие избори тоа беше буквално невозможно. Знаете кој го направи чекорот со БЕСА, со ВМРО-ДПМНЕ и сл. И за мене тоа е логично оти локалната власт е различна од централната власт, дури и не се лутам на непријатните изјави и споредби со некои претходни политичари. Затоа нека падне прашината, нека ги оладат сите главите, викендот е пред нас и ќе можеме да разговараме, изјави премиерот Зоран Заев.

Алијанса за Албанците ДПА Зоран Заев колаиција разговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.