Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Државен интерес број еден е одблокирање на демократскиот процес

1
By Нова ТВ on April 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција од Собранието, денеска потенцираше дека сите реплики и контрареплики, на како што рече, новата опозиција – ВМРО-ДПМНЕ, за Тиранска платформа, двојазичност, кантонизација се неточни.

– Сето ова што го слушавте во репликите на ВМРО-ДПМНЕ е лага. Сакам јавно да повторам дека лага е дека ќе се менува Уставот, дека ќе се носат закони спротивни на Уставот, дека ќе се менува името и идентитетот на Македонија, дека ќе се менува знамето, грбот или химната. Лага е дека ќе се прогласи македонскиот народ за геноциден, изјави Заев.

Тој потенцираше дека демократските процеси бараат трпение, посветеност и грижа за интересите на државата и совест, а од изборите до денес, домашната и меѓународната јавност веќе го видел лажниот поатриотизам на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партијата, и дека нема сомнеж дека тие само не сакаат да ја предадат власта.

Заев тоа го спои со одговорноста на функционерите од Владата која ја водеше Груевски, и рече дека на суд ќе се оди толку често колку што има сомневања за криминал, а тоа како што потенцираше тој, важи за сите, како за него, така и за Груевски.

Според него партиите имаат свои почетни позиции, но веќе постои финален документ што ја штити унитарноста на Република Македонија.

– Она што беше прифатено од ВМРО-ДПМНЕ беше прифатено и од нас. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од СЈО, а ние прифативме. Точно е дека се што преговаравме и за што ќе преговараме ќе биде во рамките на Уставот и во функција на зацврствуање на унитарноста на мултиетничка Македонија.  Ќе бидеме посветени на реформите и на полноправно членство во ЕУ и НАТО, а за тоа треба работа и од опозицијата, рече Заев образложувајќи ги плановите на парламентарното мнозинство.

Според него, Македонија ќе биде едно општество за сите, и ништо повеќе нема да зависи од поединец, ниту од Груевски ниту од него, ниту од Ахмети, ниту од Села ниту од Касами туку од институциите.

– Парламентарното мнозинство нема да дозволи опозицијата и Трајко Вељановски да продолжат да ги кршат Деловникот, законите и Уставот. Никој нема право да се изживува врз граѓаните. Државен интерес број еден е да се одблокираат демократските процеси, рече Заев.

Влада демократски процес Зоран Заев Никола Груевски Собрание спикер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.