Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Харадинај: Извештаите се охрабрување за регионална соработка

0
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со премиерот на Косово Рамуш Харадинај, кој е во Скопје на на „Дигиталниот Самит на Западен Балкан“.

Како што соопштија од владината прес служба, тие оцениле дека „Дигиталниот самит на Западен Балкан“ како настан, претставува ново поглавје за дополнително интензивирање на регионалната соработка е израз на квалитетно динамизирање на иницијативата „Берлински процес“ и импулс за нов придонес за Самитот на ЕУ за Западен Балкан што ќе се одржи во текот на месец мај во Софија, Република Бугарија.

– Премиерите Заев и Харадинај споделија заеднички став дека и Република Македонија и Република Косово делат заеднички вредности и работат на посветено на заедничката иднина. Во таа насока оценија дека за преобразување на билатералните односи во регионот се добредојдени храбри и лидерски чекори кои пред себе ја имаат иднината, а не минатото, стои во соопштението.

На средбата на која било изразено задоволство од билатералните однсои, тема на разговор било и зајакнувањето на трговската размена и новите можности за економска соработка низ конкретни заеднички проекти како што е отворањето на уан-стоп-шоп гранични премини, како и за заеднички иницијативи за некои прекугранични инфраструктурни проекти.

Премиерите Заев и Харадинај споделиле информации и за реализацијата на автопатот Скопје-Блаце, за кој се привршува проектната документација и на кој ќе започне да се работи интензивно од септември оваа година, додека работите на автопатот од косовска страна се во завршна фаза, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Во овој контекст биле споменати извештаите на ЕК како реални и охрабрувачки и дека сега останува на земјите од регионот да продолжат со реформите со поголема инклузивност за посеопфатна реализација на сите препораки во процесот на евроинтеграција.

автопат Скопје Блаце ЕК Заев соработка Харадинај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.