Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Касами го срушија табуто на македонската политичка сцена

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Движењето Беса во Музејот на Современа уметност означија момент каков што досега немало во македонската политика. Овој 27 февруари ќе остане запаметен како ден кога се формира првата македонско-албанско предизборна коалиција.

Долга е праксата на формирање предизборни етнички мешани коалиции, кои ги предводеле големите партии од македонскиот политички блок, но никогаш досега во неа не партиципирала албанска партија. Во политичкиот простор практично се создава нов блок кој што ја менува досегашната пракса на изборно коалицирање, се надминуваат предрасудите и стереотипите.

Водителките на настанот двојазично, на македонски и на албански јазик, ја претставија коалицијата. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека нашето општество се менува на подобро и дека денеска моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само на своите или само на својот етнички кампус е поразен.

„Граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделби заминува во историјата. Во ЕУ не се влегува со декларативни заложби за единство, туку со дела“, рече Заев.

На изборите во 2016 година СДСМ беше првата македонска партија која привлече десетици илјади албански гласови, но коалицијата со БЕСА е посебен чин, нов историски момент, како што го нарече Заев, за демократијата и плурализмот.

„Мултиетничкиот карактер го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда. Градиме општество кое се темели на еднаквост и правичност, со шанса за сите без разлика на етничка припадност и пол. Сакам јавно да му оддадам признание на лидерот на БЕСА, Билјал Касами, и целото раководство и членство кои покажаа дека имаат политичка храброст, визија и поседуваат вредности и принципи за вистинско граѓанско обединување. Беса е првата албанска партија која го надмина досегашниот амортизиран концепт на домашната политика – етничките гласови да се употребуваат најмногу како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалициии. На нашата заедничка куќа ставаме поцврсти темели. Сите граѓани се исти, без разлика на нивната етичка, верска и политичка определба“, рече Заев.

Според него ова е победничка коалиција.

„Ова е најголема и најразнолика коалиција досега. Затоа е победничка и затоа нема дилеми. Ние сме сигурни победници на 12 април и тоа секому му е јасно. Уште од денес се знае дека на 12 април ќе освоиме сериозно и сигурно мнозинство за формирање Влада. Тоа им е јасно и на нашите политички опоненти“, рече Заев.

Тој им се обрати на другите албански партии и коалиции, порачувајќи им дека нема да дозволат да бидат уценувани.

„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои ќе сакаат да им се приклучат на победниците, ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално да учествуваат во владината коалиција“, изјави Заев

На потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ, лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, исто така гледа како на историски чин и ги повика гласачите да ја поддржат коалицијата којашто ќе овозможи членство во ЕУ и НАТО алијансата.

„Ова е историски ден. Очекувам албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат членови на владејачката коалиција. Оваа коалиција е продолжение на возот за НАТО и членството во Европската унија“, рече Касами.

Беса избори коалиција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.