Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинирањето на Заев и Ципрас ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

– Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.

На средбата вчера со претседателот на Собранието Талат Џафери, Бушамауи изрази поддршка за мирот, стабилноста и безбедноста и ги поздрави напорите на двете страни за избегнување на конфликти и за изнаоѓање мирно решение на отворените прашања, покажувајќи на тој начин дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог.

Ја потенцираше и важноста двата парламента да ги завршат започнатите активности, бидејќи овој модел е високо ценет од меѓународната заедница и истиот треба да служи како инспиративна лекција за целиот регион.

На церемонијата во ФОН ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за оваа номинација.

Тој во интервјуто за МИА во ноември годинава рече дека на Договорот што го постигнаа Заев и Ципрас му е потребно меѓународно признание и оти заслужува Нобелова награда за мир.

– Овој договор заслужува Нобелова награда за мир. Ако зборувате со кого било во Европарлментот, од левицата или од десницата ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови што може да биде репродуциран во други конфликти, рече Кулоглу за МИА.

На церемонијата, покрај Бушамауи и Кулоглу, ќе се обратат и ректорот на ФОН Нано Ружин и генералниот менаџер на Првиот приватен универзитет Сефер Цаноски.

Бушамауи, Ружин, Цаноски и Кулоглу потоа заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат иницијативата.

Договор од Преспа Заев Нобелова награда за мир Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.