Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и владина и бизнис делегација во посета на Израел

0
By Нова ТВ on September 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација и од повеќемина претставници на бизнис заедницата во Македонија, е во официјална посета на Израел.

За време на посетата, предвидени се средби на највисоко политичко ниво, а премиерот Заев ќе се обрати и на Израелскиот совет за меѓународни односи, како и на Бизнис форумот чиј организатор во Ерусалим е Владата на Република Македонија.

Заев во Израел го придружуваат вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кои исто така ќе имаат одделни средби во рамки на ресорните области.

Заев во Израел (Архива 2015г)

Заев и владината делегација денеска прво ќе се сретнат со претседателот на државата Руевен Ривлин, а потоа ќе се одржат Израелскиот совет за меѓународни односи и Бизнис форумот.

Предвидено е утре премиерот Заев да се сретне со домаќинот, неговиот колега, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Пораката на претседателот на Владата, Заев е дека за сите е потребен безбеден свет и оти Владата на Република Македонија е подготвена да придонесе во активностите за заштита на светскиот мир, затоа што само така е можем спокоен живот на граѓаните каде и да живеат, како и економски напредок. Израел е инспиративна држава во економскиот развој каде бележи светски успеси, поради што Владата на Република Македонија го иницираше Бизнис форумот, на којшто ќе бидат разменети искуства со бизнис заедницата од оваа држава за повеќе мерки што се планирани и во Програмата на новата Влада, а се применуваат во Израел, како што се поддршката на домашните мали и средни претпријатија, отворањето старт ап компании, употребата на соларната енергија во енергетиката, системот “Капка по капка“ во земјоделството, како и развојот на туризмот, културата…, стои во соопштението од владината прес-служба.

Премиерот и владината делегација ќе посетат и културно историски споменици, а претседателот на Владата, Заев, ќе има и молитва за жртвите од Холокаустот.

Претседателот на Владата и владината делегација синоќа го проследија фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и на државата Израел.

Заев Израел посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.