Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Идентитетот е чувство и за него не може да се преговара

1
By Нова ТВ on March 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не треба да се поставуваат црвени линии доколу се сака да се дојде до некакво решение за спорот со името и нагласи дека индентитетот е чуство и оти за него не може да се преговара.

– Мора да водиме грижа едни за други за да го сочуваме достоинството на двата народа, на двете земји и на двете нации и секако за зачувување на она што значи чувство,  а тоа е идентитетот. Идентитетот е чуство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, а истовремено да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција.

– Јас сум подготвен, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“.

Тој го повтори ставот дека нема потреба за менување на Уставот, како што бара Грција, бидејќи, како што рече, промената на било што во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Атина, оти се што се менува може да се врати назад.

– Многу е важно да го практикуваме тоа што целиот свет го знае, а тоа е меѓународна позната пракса на решавање на вакви спорови и тогаш останува вечно. Јас сум убеден дека преку ваквите пристапи, водејќи грижа колку е тоа важно за граѓаните на Грција и на Македонија, можеме и да го најдеме решението на спорот што го имаме со Грција – изјави Заев.

Прашан за пишувањата на грчкиот весник „Катимерини“ дека наводно е постигната согласност во три поглавја, македонскиот премиер изјави дека е затворено прашањето со иредентизмот, со чекорите кои ги направи Македонија со промената на имињата на автопатот во „Пријателство“ и на аеродромот во Скопје.

– Разговарано е и за во иднина, после можен договор, да се формираат работни групи кои ќе ги проверат учебниците од двете страни за да не се остави незгодна трага кај младите генерации за да негуваат пријателство наместо непријателство – изјави Премиерот.

Од друга страна, Атина инсистира на промена на Уставот, за да биде исполнет условот ерга омнес.

-За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес – изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во синоќешната дебатна емисија на грчката национална телевизија ЕРТ.

Според портпаролот на грчката влада промените во македонскиот Устав се потребни бидејќи во иднина, како што рече, Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор, поради што за Атина единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот.

Ѕанакопулос рече дека нацрт-спогодбата сѐ уште била во фаза на разработка од грчка страна, а кога ќе биде доставена до Македонија, официјално ќе соопшти Министерстгвото за надворешни работи на Грција.

Грција Димитрис Ѕанакопулос Зоран Заев преговори спор за името Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.