Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Имаме план Б, но се надевам дека Иванов ќе ни го додели мандатот

0
By Нова ТВ on March 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме план Б, но се надеваме дека ќе се реализира планот, а тоа е претседателот Иванов да ни го додели мандатот и да почне Собранието со работа, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју на телевизија АлсатМ.

„Постојат опции. Секогаш има. Но, сега да зборуваме за планот А, а тоа е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор. Тоа ќе биде час поскоро“, изјави Заев.

Тој додаде дека и да ја прифати идејата на ВМРО-ДПМНЕ да одат на нови предвремени парламентарни избори, уверен е дека Груевски убедливо ќе изгуби.

„И да одиме на избори. Јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред господинот Иванов со повеќе од 70 потписи. Паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, никој не сака тензии, банални изговори за некој да ги заштити нивните криминали“, рече лидерот на СДСМ.

Според него изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада. Доколку не успее да формира влада, Заев рече дека дури тогаш Иванов заедно со останатите лидери на партиите ќе треба да разговара за други опции.

Во однос на промената на платформата на албанските партии и обвинувањата дека тој ветил промена на Уставот, Заев одговори дека Уставот на РМ е доволно либерален и европски за сечии права.

„Не е потребна промена на Уставот за некој да си добие права. Нашиот Устав е доволно европски и либерален, тоа се овозможува преку закони и мерки да бидат унапредени одредени права. Оти правата кога се на маса, тоа значи и обврски. Така ќе ја создаваме и правната држава“.

Влада Ѓорѓе Иванов Зоран Заев мандат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.