Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Избори – ако опозицијата за лични интереси ја спречува иднината

0
By Нова ТВ on October 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние не сакаме избори, но ако опозицијата се обиде да ја спречи иднината на државата кон ЕУ и НАТО поради лични калкулантски односи, тогаш ние ќе бидеме принудени да одиме на избори, вели премиерот Зоран Заев во првото интервју дадено по референдумот за BHTV1.

Во него Заев истакнува дека ќе сторат се што треба да се обезбеди потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени, но доколку опозицијата се обидува да ја спречи иднината на Македонија поради лични интереси, тогаш ќе мора да се оди на избори. Уверен е дека ако оди на избори, ќе добие двотретинско мнозинство бидејќи, како што вели, над 80 проценти од граѓаните се за европска иднина на државата.

– Во суштина верувам дека и опозицијата е за ЕУ. Тие не се против. Но, тие пусти политички калкулации кои ги прават политичките кругови се причина за ова. Дури и лидерот на опозицијата, кој бојкотираше, ако го прашате дали е за ЕУ и НАТО, тој ќе ви рече „да“ и јас во суштина верувам дека тоа е точно, но тој сака да се врати на власт, а тогаш кога сака да се врати на власт, ја загрозува иднината на нашата земја, вели Заев, додавајќи дека доколку Македонија се движи напред кон евроатланската интеграција тогаш ќе се зголеми и БДП, ќе растат инвестициите и извозот, ќе се намалува невработеноста и ќе се обезбедат перспективи за младите да останат во државата.

Во интервјуто Заев нагласува дека одговорноста кај сите е голема бидејќи се работи за прашање кое е над него, над лидерот на опозицијата, надпартиско.

Во однос на формулацијата на референдумското прашање и дали тоа било причина за малата излезеност на 30 септември, Заев вели дека прашањето било така поставено бидејќи без договорот со Грција нема Еу и НАТО.

– Сите сме за ЕУ и НАТО, но исто така сите знаеме дека без Договорот со  Грција нема ЕУ и НАТО. Затоа ова е единственото можно прашање. Договорот со Грција е направен за да го продолжиме нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Едно без друго не може. Грција бараше да се разгранични регионот на Северна Грција, кој е Македонија, од нашата Република Македонија и најдовме правично решение, појаснува Заев, додавајќи дека е направен договор со кој се потврдуваат македонскиот идентитет и јазик.

Прашан како ја коментира излезноста во општините каде мнозинството е албанско население, премиерот Заев вели дека процентот на излезеност бил ист и кај Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците затоа што има голема миграција.

– Процентот на излезеност е нормален. Кога ќе ги видите бројките, ќе видите дека ние постигнавме излезеност од приближно 50 проценти од тоа што го имаме како гласачи во Македонија, затоа што во Македонија има околу 1,3 милион гласачи, појаснува Заев.

Во врска со реакциите на меѓународната заедница по референдумот, Заев рече дека меѓународниот фактор очекува Македонија да продолжи натаму и Парламентот да донесе одлука.

Заев избори интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.