Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ја убедивме ЕК дека заслужуваме шанса, очекувам датум во јуни

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 16:07

Премиерот Зоран Заев смета дека Македонија успеала да ја убеди Европската комисија дека заслужува почеток на претпристапните преговори, но дека сега треба да се убедат и државите членки на ЕУ.

– Сакам да најавам дека до донесувањето на одлуките за почеток на преговорите на Европскиот совет во јуни, ќе работиме интензивно и на подготовките за воспоставување преговарачка структура, која, во име на државата, ќе ги подготви и води преговорите со ЕУ за членство. Со овој чекор, демонстрираме сериозна намера и конкретна подготвеност за почеток на преговорите, со квалитетна преговарачка структура. За оваа задача ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите, но исто така и најдобрите луѓе во државата и целото општество. Овде не смееме да имаме никакви поделби, ниту пак предрасуди, рече Заев на седницата на Комисијата за европски прашања на која беше претставен Извештајот на ЕК.

Заев рече дека очекува датумот за преговори да го добиеме во јуни.

Според него, датумот за почеток на преговорите со ЕУ ќе ги отвори први најтешките теми – правосудство и владеење на правото, заштита на човековите права, борба против криминал и корупција, реформи во јавната администрација, реформи на безбедносните служби, реформи во социо-економскиот систем,  успешна регионална економска соработка.

– Затоа, ракавите веќе да ги засукаме. Не чека полни раце работа, сите, порача Заев.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека Македонија ја заслужи препораката, но нагласи дека ја очекува многу работа и порача дека обединета земјата полесно ќе се справи со предизвиците пред неа.

– Препораката од Стратегиојата како и од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки, рече Жбогар и упати охрабрување за продолжување на преговорите за името.

Пратениците од владеачкото мнозинство и од опозицијата изнесоа различни гледишта за извештајот: За ВМРО-ДПМНЕ ова не е прв позитивен Извештај на ЕК за Македонија, а земјата и во времето на нивното владеење постигнала напредок во реформите во полицијата, судството, основните човекови права. Укажаа и на нотираните слабости во реформскиот процес, додека за СДСМ овој исклучително позитивен извештај потврдува дека Македонија се врати на европскиот пат и од земја во длабока политичка криза стана држава во која постои јасна политичка волја за напредок. За ова придонес имаше и опозицијата која покажа конструктивност и соработуваше за клучните реформски закони.

– Денес благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија го изгради потребниот капацитет и е подготвена да започне преговори за членство со ЕУ. Наместо да продолжат по нашиот пат, денес ние ја имаме обратната слика. СДСМ ветуваше дека РМ ќе ја внесат во ЕУ и НАТО само за шест месеци од доаѓањето на власт. Но сега сме сведоци на растечка корупција наведени и во Извештајот. РМ е најкорумпирана земја во Европа, а тоа е нотирано и од Транспанси интернешнл, рече меѓу другото, Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ .

– Опозицијата е во право кога вели дека претходно сме имале позитивни извештаи од ЕК, но со лошо владеење и непромислени политики наместо да одиме напред, за десет години ние се вративме десетина, ако не и повеќе години назад и подалеку од ЕУ… Овој Извештај ни е втора шасна, но верувам и последна ако навистина сакаме да си ја зачуваме државата, затоа што Македонија веќе нема време за чекање и губење. Моите, напите деца, целата младина упорно е со една нога надвор од државата. Ова им го должиме на нашите деца кои предолго беа заробени во безперскептивност, рече координаторот на СДСМ Томислав Тунтев.

Од триаголникот САД- ЕУ -Македонија зависи напредокот на Балканот

На седницата свои обраќања имаше и експертот за Балканот и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон Даниел Сервер. Според него, триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и Македонија. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност.

Тој истакна дека Европската унија помина тешки 10 години, а промени се случија и во администрацијата на САД. Но, и покрај сите тие промени и несигурности, САД и ЕУ и нивната политика кон Балканот останаа исти, а тоа е, додаде, сите земји од Балканот кои сакаат да бидат дел од ЕУ да станат нејзини членки.

– Тоа е најдобрата сигурност која ја имаме за постојан мир и сигурност. Иако имавте сомнежи за Европа  и Европа имаше сомнежи за вас, но економијата на Европа полека се опорави и стана многу повнимателна на проблемите кои ги создаде Путин од инвазијата на Украина, обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година и обидот за убиство на поранешниот руски агент Скрипал оваа година. ЕУ вознемирена од ситуацијата со Русија во февруари го отвори прозорецот за политички преговори. Оние кои ќе се квалификуваат од Балканот до 2025 година, може да се надеваат дека ќе станат членки две години подоцна. Колку неверојатна можност претставува ова? Ќе биде тешко да се влезе во ЕУ зашто ништо не е гарантирано, но тоа е и неверојатна можност за вашата земја да стапи на патеката за членство во ЕУ и во НАТО, рече Сервер.

Тој се осврна на сите реформи кои престојат пред Македонија, а кои се наведени, како што кажа, и во самиот Извештај на Европската комисија укажувајќи на потребата од деполитизицајата на судството и администрацијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата итн.

Сервер го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот. Се осврна и на спорот за името со јасна порака дека тоа мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

– Дури и ако ги направите сите нешта кои ги бара ЕУ, дали Атина се уште ќе биде проблем. Краткиот одговор е да, но имате избор. Постојат две насоки – надолна спирала на очај и според мене тоа е тажно сценарио и другата насока која ја одбравте пред една година е да се издигнете, односно таа е спиралата која ги прифаќа условите на НАТО и ЕУ и ја одржува државата на ова ниво, а кое со тек на време ќе го издигнува, а тоа е она што јас би го избрал, рече Сервер.

Жбогар Заев Извештај ЕК Комисија за европски прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.