Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев кон Мицкоски: Кога зборувате, како да го слушам Груевски

0
By Нова ТВ on February 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Имам впечаток како да го слушам Груевски, постојано кога зборува Мицкоски. Сè уште има уверувања дека извршната власт има право да се меша во судството. Законите се донесени и во такви околности очекуваме судството да носи одлуки согласно Устав и закон, но истата матрица се повторува во говорите на ВМРО-ДПМНЕ. Различна е парламентарната, извршната и судската власт во демократијата. Затоа велам дека Мицкоски не може се одлепи од Груевски, како на плејбек. Еднаш треба конечно да се оградите од Груевски“, изјави Зоран Заев, лидер на СДСМ и експремиер.

Во однос на Законот за ЈО и маршот на СДСМ за правда, Заев изјави дека сите услови се исполнети, односно законот е донесен и останува на правосудството да ги спроведе промените.

„Извршната власт ги изготви, а Парламентот ги донесе решенијата. Сега останува самата примена на Законот за Јавно Обвинителство. Со маршот сакавме да испратиме порака дека будното око на јавноста е насочено кон судиите и кон обвинителите. Не треба да се дозволи никогаш повеќе да застаруваат предметите. Доколку застари предмет, судијата треба да биде разрешен. Предмети во фиока повеќе не смеат да се чуваат и рочиштата да се одложуваат. Судството е независна власт, не треба да има местење како до 2018 година, кога се диригираа и местеа судии. Она што очекуваме е тоа што го збори народот, а тоа е доколку има докази да има осуда без никакво влијание врз правосудството“, вели Заев.

Мицкоски: Господине Заев, вие сте опседнат со Никола Груевски

Се возите во режимскиот мерцедес на Никола Груевски, седевте во режимската барокна зграда. Опкружени сте со соработниците на Груевски. Вие сте опседнат со Греувски. Оставете го веќе еднаш. Некој во просторијава има повеќе контакти со Груевски одошто јас“, му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на експремиерот Зоран Заев.

„Ајде да зборуваме за вистински реформи. Зошто вашиот адвокат правеше интервенции? – Зошто барате амнестија за вас? – Ве гледам во очи и ви кажувам дека сите што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред правдата. Овој закон што вие го донесовте, токму тоа не го дозволува. Ве гледам во очи и ви кажувам дека ќе одговарате“ рече Мицкоски.

Заев кратко одговори дека Законот за јавно обвинителство бил потврден од Меѓународната заедница и дека тој е навистина фер и правичен закон.

Заев: Вие бевте дел од толпата луѓе кои сакаа да ме убијат

Тема во вечерашното соочување на Канал 5 беа и насилствата во Собранието  на 27 април.
„Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас. Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму“, рече Заев.

Заев истакна дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара.

Мицкоски одговарајќи на прашањето на водителот дали ќе го осуди и ќе се огради од нападот на Собранието на 27 април 2017 година, рече дека одговор на ова прашање дал најмалку 20 пати, осудува секакво насилство и за тој настан има судски процеси и пресуди.

„Нема да ги коментирам пресудите, времето ќе покаже какви биле. Сметам дека казните што се изречени се драконски. Имате луѓе кои сториле поголеми кривични дела и за жал не одговараат како овие луѓе. Имате луѓе кои ги отвориле вратите и тие се амнестирани затоа што му требале на Заев. Тој што ги отвори вратите е невин, а другите се виновни. Тоа е проблемот. И сега се прашуваме зошто судството не ни функциониора, зошто сме хибриден режим, зошто младите заминуваат од земјава“, рече Мицкоски.

Договорот од Преспа

Немате став до ден – денес, а треба да кажете во јавноста, му рече претседателот на  СДСМ, Зоран Заев на својот политички опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ако го поништувате договорот од Преспа треба да кажете, ако не го поништувате исто треба да кажете. Но мора конечно да кажете отворено пред граѓаните што планирате со договорот, што планирате со ЕУ за граѓаните, со НАТО. Одговорете, кажете им на граѓаните кој е вашиот став“, му се обрати Заев на Мицкоски, нагласувајќи го непочитувањето на Уставот на разрешената минситерка за труд и соцојална политика Рашела Мизрахи, која ја користеше на прес-конференциите таблата со името Република Македонија.

Мицкоски, рече  дека Мизрахи не делувала спротивно на законите, потенцирајќи дека во Договорот со Грција постојат технички и политички рокови кои не се прекршени.

Заев го обвини Моцкоски за два договора со милионска разлика како директор на ЕЛЕМ

Заев во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски покажа два договори потпишани од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ, за кои рече дека се за иста услуга, а првиот со вредност од 1.600.000, а вториот со вредност од осум милиони.

„Додека бевте директор на ЕЛЕМ ги крадевте граѓаните. Знаете како? Еве два договора. Еднаш потпишувавте договор за 1.600.000 за иста услуга, а потоа потпишувате договор за осум милиони. И тоа со вашиот пријател Панче Тошев со кого доаѓавте и на преговори, рече Заев.

Мицкоски не ги коментираше овие два договори.

Заев рече дека претходната власт правела криминал кога во Јануари 2017-та година набавувала струја по 200 евра мегават, а цената е 43 евра. „Кога МЕПСО набавува со 43 евра, вие набавувавте со 100 евра“, рече Заев.

Мицкоски му порача дека може да му држи лекции и го обвини дека тие додека биле на власт ја покачиле цената на струјата за 100 посто.

Зоран Заев ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.