Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев контра Мицкоски: Никој не се надеваше дека толкави глупости може да се кажат

0
By Нова ТВ on July 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2019 13:58

„Никој не се надеваше дека толкави глупости може да се кажат. Ако се бориме за правна држава, треба да оставиме правните процеси да течат“ рече денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го вчерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое тој вели дека е следен од полицијата и оти очекува покрај останатите припадници на партијата да го уапсат и него.

„Однапред да давате квалификации за некој дали има вина или не, дали некој нарачувал или не, е срамота“ рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот погон на фабриката „Тиамо“ во Глумово, Сарај.

Заев додаде  дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но преку судски постапки, аргументи и докази, а секој што е невин, секако треба да биде ослободен.

На прашањето дали верува во правосудството, Заев рече дека има големи девијантни појави кои се катастрофа за општеството, но и одлични примери.

-Јас сум веројатно првиот премиер кој вака отворено фрла ракавица кон една независна власт како што е судската. Нема правда, ако таа не е еднаква за сите, ако секој не одговара согласно Законот, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера рече дека очекува да биде уапсен.

-Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него се може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат, ова е апел до луѓето кои се врткараат од специјална единица од МВР околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотаска власт – рече Мицкоски.

 

Заев Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.