Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Македонија е определена за интензивна регионална соработка

1
By Нова ТВ on August 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои политичка посветеност за интензивирање на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и продлабочување на економската соработка, е пораката на премиерите на државите од Западен Балкан од неформалниот самит што се одржува во Драч, меѓу кои е претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

– Заедничкиот настап на економски план на државите од регионот пред Европа ќе значи создавање поголем пазар и поголем интерес за инвестирање во нашите држави, а со тоа и нови инвестиции и нови работни места на нашите граѓани, рече премиерот Заев на собирот во Драч.

Заев ја пренесе определбата на Република Македонија за интензивна регионална соработка што ќе го олесни движењето на стоки и луѓе и ќе придонесе за развој на нови идеи и проекти што би можеле да бидат привлечни за инвеститорите од Европа.

– Регионот е насочен кон мир и заедничка иднина во евро-атлантските интеграции. Има позитивна клима за соработка и ова ќе придонесе кон напредок на државите во евро-атлантските интеграции, рече премиерот Заев.

Денешната средба во Драч е посветена на регионалната соработка и Акцискиот план за Регионална економска зона, договорен во јули на Самитот во Трст, Италија, и на неа присуствуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и претседавачот со Претседателството на БИХ, како и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан и заменик претседателот на Светска банка, Кирил Милер и регионални претставници на Светска банка.

Еврокомесарот Хан ја поздрави соработката меѓу државите од регионот и пренесе очекување за конкретизирање на активностите за реализација на Акцискиот план што се однесува на олеснување на економската соработка меѓу државите согласно Акцискиот план од Трст.

Заменик претседателот на Светска банка, Милер, изрази поддршка на напорите на земјите од Западен Балкан за зајакнување на економската соработка, според европските стандарди, што ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во државите.

Неформалниот самит во Драч се одвива во неколку сесии посветени на олеснувања на движењето на луѓе и стоки, транспортна ефикасност и предвидливост, во трговијата, инвестициите и дигиталната економија, како и кон идни проекти што водат кон регионална интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Драч Зоран Заев Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.