Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Македонскиот идентитет е заштитен со член 49 во амандманот 36

0
By Нова ТВ on December 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инклузивност во процесот за измени и дополнувања на Уставот, издигнување над партиските интереси во насока на обезбедување на перспективите на Македонија во НАТО и во ЕУ, а Парламентот да биде Форум за натпревар на идеи. Ова, меѓудругото, се пораките што премиерот Зоран Заев ги упати на пленарната седница за амандманите 33, 34, 35 и 36 што ги утврди Комисијата за уставни прашања во Собранието.

„Процесот за неопходните измени во Уставот ги инициравме во име на заедничките вредности, а со цел Македонија да биде подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите се боревме и сонувавме 27 години“, рече Заев и нагласи дека сите треба да ја понесат големината на историскиот процес низ кој минува земјата.

На седницата тој потсети на содржината на предложените нацрт амандмани. Со амандманот 33 во Уставот се додава придавката „Северна“ пред Македонија, со амандманот 34 се интервенира во преамбулата и „одлуките од АСНОМ“ се заменуваат со „Прогласот од АСНОМ“ и се додава „Охридски рамковен договор“.

„АСНОМ не се брише од Преамбулата. Напротив. Се споменува двапати како повикување на правните решенија што се содржани во Прогласот што се темел на нашата државност“, порача претседателот на Владата.

Амандманот 35 се однесува на негово дополнување со реченицата „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, па затоа и во членот 3 се даваат дополнителни гаранции за трајноста и неменливоста на македонските граници со соседите.

„Со интервенциите во амандманот 36 се преформулира сегашниот член 49 и во него ќе стои дека Републиката го штити, гарантира и негува историското и културно наследство на македонскиот народ. Се гарантираат заштитата на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината. Притоа е пропишано и дека Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ во странство без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и нивните внатрешни работи. Со ова се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија рече дека процесот на уставните измени со предложените амандмани треба да заврши со одлука во македонскиот Парламент за која е потребно двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници. Во неа, како што објасни Заев, ќе пишува дека овие амандмани се составен дел од Уставот на Република Македонија и ќе стапат на сила во денот на влегување во сила на конечната Спогодба за решавање на разликите што се опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1993 година за престанување на важноста на привремена спогодба од 1995 година. Или поедноставно, измените во Уставот ќе важат, откако Грција ќе ги спроведе своите обврски од преспанскиот Договор.

амандмани Дополнувања Зоран Заев измени Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.