Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Министерот за правда не се произнесе за еврообврзницата

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2016 15:13

„Никакви нови информации, разјаснувања или правни мислења не се дадени во врска со можната незаконитост на издавањето на еврообврзницата. На инвеститорите не им било овозможено да постават никакви прашања до владиниот тим“, пишува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во соопштението до светските медиуми и банки во врска со продолжувањето на, според него, незаконската постапка за издавање на еврообврзницата, објави Мета.

Според Заев, министерот Валдет Џафери е единствената личност што требаше да одговори на повикот на странските инвеститори за оценување на законитоста на еврообврзницата.

– Обидот на Пешевски да го протурка ова сериозно прашање е не само очаен, туку и невнимателен и неодговорен обид. Не можејќи да обезбеди легитимна институционална потврда за издавањето на еврообврзницата и да не им даде на потенцијалните инвеститори можност да бараат појаснување на ситуацијата преку прашања, Пешевски само успеа да влее доплнителен сомнеж и забуна во правната издржаност на издавањето на обврзницата – вели Заев во писмото.

Лидерот на опозицијата потсетува дека банките гаранти претходно соопштија дека ќе бараат изјаснување од Министерството за правда, но министерот Џафери не се изјасни по ова прашање.

Заев истакнува дека „вицепремиерот Пешевски и самиот е фатен во корупциски и во криминални скандали во Македонија, разоткриени со објавувањето на стотиците прислушувани разговори минатата година.“

– Во краткиот повик од околу седум минути, вицепремиерот, според информациите, се обидел да ги убеди потенцијалните инвеститори за легалноста на издавањето на обврзницата, давајќи оптимистички проценки за Република Македонија и за нејзините програми со ММФ, Светска Банка и со ЕБРД – вели Заев во дописот.

Во прилог на писмото на СДСМ до странските медиуми и банки се испратени и извештајот на Прибе, ноемврискиот извештај на Европската Унија за земјава и извештајот на Светската банка за јавните трошоци на земјава од 2015 година.

По одложувањето пред пет дена, Македонија денеска повторно ја издаде еврообврзницата од 650 милиони евра.

еврообврзница Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.